Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски започна со асфалтирањето на УЛИЦА 1, главната артерија во Визбегово

November 25, 2024
1 min read

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски денеска ја започна реализацијата на еден од најголемите инфраструктурни проекти во населбата Визбегово, со што започна целосната реконструкција на УЛИЦАТА 1, една од главните артерии што води до новото општинско основно училиште „ВИЗБЕГОВО“ .

Овој пат со должина од над 700 метри заедно со своите краци е еден од најголемите неасфалтирани патишта во оваа населба. Проектот за реконструкција опфаќа механички ископи, нивелирање, поставување тампон и асфалтирање на повеќе од 2100 m³, обезбедувајќи модерни и безбедни услови за жителите и учениците кои го посетуваат училиштето.

Градоначалникот Костовски во оваа прилика рече дека овој проект е дел од неговата заложба за еднаков развој на сите населени места во општина Бутел.

„Со реконструкцијата на овој пат ќе се реши еден од главните сообраќајни проблеми во населбата Визбегово, со што полесно и побезбедно се доаѓа до новото училиште. Продолжуваме да инвестираме за да го подобриме животот на секој граѓанин во нашата општина. Уште едно големо ветување дадено на граѓаните на Визбегово денес започнуваме да го реализираме. Денес започнуваме со реконструкција на една од најголемите неасфалтирани улици во Визбегово, улица 1. Улица заедно со нејзините краци во населеното место Визбегово е една од најголемите неасфалтирани улици во должина од над 700 метри. Улица е една од улиците која води до ново општинско основно училиште “Визбегово”. Со реконструкцијата ќе се опфати машинско копање, рамнење и поставување на нов тампон и нов асфалт на над 2100 м3. Со реконструкција на оваа улица ќе биде решен еден од најголемите проблеми со пристапување до новото општинско училиште. Еднаков рамномерен развој на општина Бутел. Инвестираме во сите населени места!“ напиша Костовски на својата официјална Фејсбук страница.

Жителите на Визбегово ја поздравија оваа иницијатива, сметајќи дека е важен чекор кон модернизирање на инфраструктурата и подобрување на животниот стандард во нивното подрачје.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјите од ОН не можат да постигнат договор за намалување на загадувањето од пластика

Следно

Стојаноски: СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија и единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Latest from Blog

Божиновска: Скопската декларација треба да отвори пат за нова генерација инженерки и лидерки

Скопската декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија беше потпишана денеска на Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори на енергија и жените во енергетиката“ во Скопје. Министерката за енергетика,

Општина Битола: „Зимска приказна“ почнува на 21 декември, отворен е повикот за учесници

Општина Битола објави јавен повик за учество во новогодишната манифестација „Зимска приказна“. Преку повикот ќе се избираат културни и туристичко-промотивни настани што ќе ја збогатат празничната програма во градот. Манифестацијата ќе се

Тоневски: Се обновува ракометното игралиште во центарот на Пробиштип

Во тек е реконструкцијата на ракометното игралиште во центарот на Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Со проектот е предвидено поставување нова спортска подлога, поставување седишта на трибините и подобрување на осветлувањето, со

Автентични вкусови, домашни деликатеси и богата програма на петтото издание на Слоу Фуд салонот во Скопје

Оваа сабота, 28 ноември, хотелот Континентал ќе стане место на автентични вкусови, традиционални производи и на љубителите на добрата храна.  Од 11 до 20 часот, таму ќе се одржи петтото издание на

(Видео) ПАДНА РЕКОРДОТ ОД 2014 ГОДИНА – Обилни врнежи го парализираа југот на Франција

Обилни врнежи од дожд во текот на ноќта го погодија францускиот регион Прованса-Алпи-Азурна Обала, а особено департманите Вар и Приморски Алпи, кои се ставени под портокалово предупредување поради ризик од поплави и
Go toTop