Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје.
„Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани. Активностите стартуваа на булеварот ‘Партизански одреди’, на потегот од мостот ‘Обединети нации’ до пешачкиот мост ‘Влае’, во површина од 1.200 метри квадратни. Оваа делница добива целосно нов лик – пешачка патека со ширина од 4 метри, комплетно реконструирана и современо уредена, со нова подлога, подобрена пристапност, уредени рабници и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот“, објави градоначалникот.
Извор: zurnal.mk


