Ѓорѓиевски и Николоски: Скопје ќе добие модерен и еколошки јавен превоз

November 10, 2025
1 min read

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари конструктивна средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во просториите на Градот. На средбата беа разгледани заедничките проекти кои ќе донесат директни бенефити за жителите на главниот град.

Главните теми на разговор беа подобрувањето на транспортниот систем преку реализација на проектот Градски воз, набавка на нови еколошки автобуси за јавниот превоз и модернизација на инфраструктурата во Скопје. Министерот Николоски ја истакна заложбата на Владата за реализирање капитални инвестиции како темел за идниот развој на градот.

Ѓорѓиевски и Николоски заклучија дека Скопје има потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе донесе поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните. По започнувањето на изградбата на првата од трите линии на Градскиот воз, следниот приоритет ќе биде подготовката на останатите две линии кон Ѓорче Петров и Миладиновци.

 

Градот веќе е во комуникација со Владата за набавка на нови еколошки автобуси кои ќе го подигнат нивото на јавниот превоз. Ѓорѓиевски ја изрази благодарноста до премиерот Христијан Мицковски, министерот Николоски и целата Влада за постојаната поддршка и визија.

„Скопје ќе го развиваме заедно, со работа, посветеност и јасна цел – модерен и функционален град за сите граѓани“, истакна градоначалникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пи Диди во затвор правел домашна ракија!?

Следно

Ѓорѓиевски – Николоски: Скопје го развиваме заедно!

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop