Голем пожар на грчкиот полуостров Пелопонез, повредени тројца пожарникари

July 17, 2024
1 min read

Голем шумски пожар избувна претпладнево во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во поширокиот регион на Коринт, а според локалните медиуми, полесно се повредени тројца пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека станува збор за особено тежок пожар во предел со густа вегетација со борови дрвја, а интервенираат 19 воздушни средства.

Дополнително во гаснењето учествуваат 120 пожарникари со пет пешадиски тима, 32 возила, а помагаат и цистерни од општините.

Иако пожарот е шумски и во близина нема куќи, сепак од бројот 112 за итни случаи до жителите на населените места во околината беше испратена порака да бидат во состојба на готовност доколку биде потребна евакуација.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Домагој Дувњак повреден, но ќе настапи на ОИ во Париз

Следно

Анкета: Американците стравуваат дека ситуацијата излегува од контрола

Latest from Blog

Дневен хороскоп: Што ви подготвија ѕвездите денес?

Бик Денес, ѕвездите ви даваат емоционална стабилност и чувство на внатрешна рамнотежа. Искористете ја неделата за да ги зајакнете вашите односи со најблиските. На крајот од неделата, некое финансиско прашање може да

Јовановски за пензионерите: Ќе ги подобриме условите во Пензионерскиот дом во Кичево

Нашите родители, нашите баби и дедовци се оние кои не израснаа, кои не доведоа во состојба да функционираме самостојно и да бидеме чинители во општеството. Тие се нашиот темел. За жал, нивниот
Go toTop