Крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, кој вчера постигна прекрасен гол на мечот со Челзи во ЛШ, се повреди во второто полувреме. Францускиот фудбалер беше заменет во 59-тата минута од овој натпревар.
Парискиот клуб денес објави дека Баркола претрпел сериозно истегнување на десниот глужд и посочи дека ќе биде надвор од терените во следните неколку недели. Сепак, „Л’Екип“ објави дека играчот ќе биде надвор од терените приближно еден месец. Веројатно ќе ги пропушти двата четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите.
Извор: vecer.mk


