Голем број на родители завршија на суд бидејќи не ги вакцинирале своите деца, еве со какви казни се соочуваат

February 24, 2023
1 min read

170 мајки на суд – не ги вакцинирале децата. Судските покани, според информациите на „А1он“, веќе почнале да пристигнуваат до родителите што не ги вакцинирале своите деца со задолжителните вакцини.

Според информациите, овие родители не се одѕвале на повиците за вакцинирање, ниту се јавиле на повикот да отидат до надлежната институција и да приложат релевантен документ дека нивното дете не смее да прими вакцина поради здравствени проблеми.

Во неколку случаи, според информациите на „А1он“, се работи за деца што не примиле ММР-вакцина. Родителите велат дека ги изненадила поканата за суд иако признаваат дека нивното дете не ја примило посочената вакцина. Не знаат во колкав проблем се и каква може да биде санкцијата што судот би им ја досудил.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за „А1он“ потврдуваат дека има мајки/родители за кои е донесена одлука за поведување прекршочна постапка.

Според нив, 302 родители во изминатата година не ги вакцинирале своите деца, и тоа не само за ММР, туку и за сите задолжителни вакцини.

Од овие 302, 170 родители воопшто не се одѕвале на поканите и за нив е поднесено барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд.

„Од вкупната бројка, 132 лица се одѕвале на повикот и се согласиле да ја платат паричната казна. Се спроведува постапка за порамнување, која подразбира повикување на родителот да ја плати предвидената глоба во рок од 8 дена. Доколку прифатат, предвидената казна се преполовува“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за „А1он“.

Сепак, 170 родители воопшто не се одѕвале на поканите и за нив е поднесено барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд. Во тој случај висината на казната и какви санкции ќе сносат родителите утврдува судот.

Овие покани судот веќе почнал да ги испраќа на адреса на родителите.

Постапката, според Државниот санитарен и здравствен инспекторат, за повикување одговорност е следна: Од страна на вакциналните пунктови и родилиштата се добиваат известување за родители што не ги имунизирале своите деца со вакцини предвидени во задолжителниот календар, а во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести. Врз основа на добиените податоци се спроведува постапка за порамнување, која подразбира повикување на родителот да ја плати предвидената глоба во рок од 8 дена. Доколку прифатат, предвидената казна се преполовува.

Висината на глобата изнесува од 300 до 650 евра во денарска противвредност усогласена со Законот за прекршоците.

Доколку, пак, родителите воопшто не се јават на поканите, за нив е поднесено барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд.

Во тој случај родителите освен досудената казна, ќе мора да ги платат и судските и адвокатските трошоци на спротивната страна. А, сумата на овие трошоци зависи од должината на спорот, колку рочишта ќе има или дали евентуално ќе има ангажирање на вештаци.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Моравјецки: Варшава е подготвена да ги обучува украинските пилоти за летање со борбени авиони Ф16

Следно

Хирурзите во Ниш со херојски подвиг, еве што направиле за пациентите да не чекаат на листа за операција

Latest from Blog

Романија прогласи воздушна тревога поради напад на руски дрон близу границата

Во Романија, населението на областите Тулча и Галац доби воздушен аларм RO-ALERT во понеделник навечер поради нападите со руски беспилотни летала во Украина. „Во ноќта помеѓу понеделник и вторник, нови напади со

ВЛЕН со јасна порака: Работа за Гостивар, перспектива за Врапчиште

Општините не смеат да бидат прибежиште за политичко преживување, туку одговорност за работа, развој и вистинска услуга кон граѓаните. Во тој дух, коалицијата ВЛЕН го продолжува консолидирањето на изборните структури во пресрет

Нема да знаат што да им прават на парите: ОВИЕ три хороскопски знаци ги чека богатство во јануари

Јануари носи финансиски пресврт за трите среќни хороскопски знаци Јарец, Водолија и Бик. Додека повеќето луѓе ги бројат деновите до нивната следна плата, овие знаци ќе уживаат во неочекувано богатство. Космичките енергии
Go toTop