Ѓоковиќ вели дека снимката на која се појавува неговиот татко била погрешно протолкувана

January 27, 2023
1 min read

Тенисерот додава дека неговото семејство никогаш не би поддржало какво било насилство или војна

Според тенисерот Новак Ѓоковиќ, снимката на која се гледа како неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ позира со навивачите кои го држеа руското знаме е „погрешно протолкувана“. На таа снимка, додава Ѓоковиќ, неговиот татко само кажал „на здравје“, а се останато, според него, е лоша интерпретација на настанот.

„Видов како што сите други видоа што се случи и штета е што погрешното толкување на она што се случи ескалира на толку високо ниво“,

изјави Ѓоковиќ.

Тенисерот, како што јавија српските медиуми, дополнително изјавил оти неговиот татко ги поздравувал навивачите пред арената „Род Лејвер“ по секој натпревар што го играл за да им се заблагодари за поддршката.

„Се надевам дека луѓето ќе разберат дека немаше намера да се поддржат какви било воени иницијативи“,

изјави Ѓоковиќ и додаде дека неговото семејство никогаш не би поддржало какво било насилство или војна.

Срѓан Ѓоковиќ од дома го следеше мечот на својот син Новак Ѓоковиќ на тенискиот Грен слем турнир Австралија опен, откако претходно на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тој на Австралија опен позира со навивачите кои носеа руски знамиња и симболот „З“ кој ја претставува руската инвазија на Украина.

Тој потоа изјави оти немал намера да предизвика какви било немири, туку да го поддржи својот син.

„Бев излезен со навивачите на Новак како што правев после сите натпревари на мојот син за да ги прославам неговите победи и да се фотографирам со нив. Немав намера да бидам вклучен во ова. Моето семејство живееше низ ужасите на војната, а ние само сакаме мир“,

изјави таткото на тенисерот.

Австралискиот премиер Ентони Албанес, каде се одржува тенискиот турнир, утринава ја повтори силната поддршка на Австралија за Украина и ги критикуваше поддржувачите на руската инвазија откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таткото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на Австралија опен позира со навивачите кои носеа руски симболи и знамиња.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Вечерва во 360° – интервју со премиерот: Влегува ли Алијанса и си оди (останува) ли Алтернатива?

Следно

СЗО објави публикација со листа на лекови кои треба да се подготват во случај на нуклеарен напад

Latest from Blog

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на
Go toTop