Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија

January 22, 2026
1 min read

 За таа цел, толкувачи-уметници ќе ги преведуваат песните, но и ќе ги изведуваат како посебни сценски перформанси.

Неодамна во Виена беше организиран специјален избор на кој се претставија кандидати за улогата на толкувачи-изведувачи. Од вкупно 13 пријавени, ќе биде избрана група што за време на натпреварот во мај ќе ги интерпретира песните на поединечни земји. Овој начин на изведба беше воведен уште 2015 година, од страна на австриската телевизија „ОРФ“, по победата на австриската претставничка Кончита Вурст, со цел Евровизија да стане подостапна за сите гледачи.

„Пред настапите на самото натпреварување, избраните толкувачи ќе учествуваат на дополнителни работилници посветени на уметничкиот израз и телесното изразување“,  соопштија надлежните во Виена. Организаторите нагласуваат дека перформансот на знаковен јазик не подразбира само буквален превод на текстот, туку целосна сценска изведба на песната, во која значајна улога имаат мимиката, движењата и танцот.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВОДА! ТОА Е СТАРТЕШКИ ЕЛЕМЕНТ ЗА ИДНИНАТА. Македонија и Балканот се во ваква состојба

Следно

Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ: Провалил во станот каде што живее со ќерките, реагирала полиција

Latest from Blog

„Саботажа“ во Жабени пред посетата на Мицкоски: Оштетена инфраструктура во Индустриската зона

Индустриската зона ,,Жабени” соопштува дека фатени се две лица кои недозволено се движеле на територија на зоната. Ова се случува само еден ден пред посетата на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на

Инцидент во ИЗ „Жабени“: Две лица затекнати во забранета зона, полицијата постапува

Индустриската зона ,,Жабени” соопштува дека фатени се две лица кои недозволено се движеле на територија на зоната. Ова се случува само еден ден пред посетата на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на
Go toTop