ИСТАНБУЛ (АА) – Истанбулскиот енергетскиот форум, чиј домаќин е Анадолу и организиран под покровителство на Министерството за енергетика и природни ресурси на Туркије, на едно место ќе ги собере министрите за енергетика, претставниците на локални и меѓународни невладини организации, глобални организации, академската фела, професионалци од медиумите и бизнис-лидери од целиот свет на разговори за битни енергетски прашања, јавува Анадолу.
Еднодневниот форум во Конгресниот центар во Истанбул ќе се одржи на 22 ноември и на учесниците ќе им понуди можност за дијалог на глобално ниво.
Под темата „Заедничка иднина, заеднички цели“, форумот ќе ги истражи регионалните енергетски цели, клучната улога на Туркије во осигурувањето безбедност во снабдувањето со природен гас, стратегиите за финансирање на енергетската транзиција, пазарите на нафта и гас и технолошкиот напредок.
Во посебна сесија на форумот свое обраќање ќе имаат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар, директорот за комуникации Фахретин Алтун и претседателот и извршен директор на Анадолу, Сердар Караѓоз.
На панел-дискусијата на високо ниво, модерирана од турскиот министер Бајрактар, ќе учествуваат министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, бугарскиот министер за енергетика, Владимир Малинов, министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, министерот за енергетика на Молдавија, Виктор Парликов, либискиот министер за нафта и гас, Калифа Раџаб Абдулсадек, првиот заменик-министер за енергетика на Русија, Павел Сорокин, министерката за енергетика и рудници на Србија, Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ, и Максат Бабаев, државен министер на Туркменистан и претседател на државниот „Концерн Туркменгас“, кои ќе разговараат за „Предизвиците и можностите за отпорна иднина“.
Форумот ќе продолжи со сесија чиј домаќин ќе биде Турската нафтена корпорација (БОТАШ) на тема „Нова динамика на безбедноста на гасот: регионални перспективи“.
Настанот ќе продолжи со сесии под наслов „Проспектите за нови технологии и горива во паметна енергетска транзиција“ и „Финансирање на енергетската транзиција: Очекувања и приоритети“.
Форумот ќе заврши со Сесија за признание и преглед одржана од Анадолу.
За следење на Енергетскиот форум во Истанбул регистрирајте се онлајн на: https://www.istanbulenergyforum.com.
Извор: Anadolu Agency (AA)