Гир вели дека поддршката од ЕУ ќе се зголемува во тек на пристапниот процес

March 9, 2023
1 min read

Поддршката од Европската унија ќе се зголемува со тек на време, бидејќи пристапниот процес се однесува на спроведување реформи во многу области, вели евроамбасадорот Дејвид Гир.

На настан во Владата по повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од ЕУ за справување со енергетската криза, Гир порача дека од клучна важност е поддршката за граѓаните и компаниите, како и за нови инвестиции.

На новинарско прашање колкава е достапноста на претпристапните фондови и колку средства има добиено државава, Гир посочи дека се нуди поддршка од околу 100 милиони евра на годишно ниво, вонредна помош за макрофинансиска поддршка, како и 80 милиони евра за енергетскиот пакет.

– Тука зборуваме отприлика за околу 100 милиони коишто покриваат многу сектори, таа поддршка ќе се зголемува со тек на времето затоа што, како што знаете, пристапниот процес се однесува на спроведување реформи во многу области, земјата се усогласува со законите и стандардите од ЕУ, од земјоделство до трговија, царина, владеење на право. На пример, за животната средина што е навистина скапа област, нашите инвестиции со тек на време ќе се зголемуваат како што земјата се приближува до ЕУ, за кога ќе се приклучи да има завршено поголем дел од тешката работа што е потребна за да се стане полноправна членка на ЕУ и да се искористат предностите од тоа, рече Гир.

Осумдесетте милиони евра што ги испорачува ЕУ, како што рече, се практична финансиска поддршка која ќе направи разлика во справувањето со кризата.

Опфатени ќе бидат најранливите категории, околу 172 000 луѓе, пензионери, самохрани родители, невработени кои имаат потреба од социјална заштита, 47 000 ранливи категории граѓани, 470 училишта, 67 јавни комунални претпријатија, компании од прехранбена индустрија, како и здравствени институции. Ова не се само бројки туку граѓани, компании и институции кои заслужуваат помош, на кои сите се потпираме и служат на интересите на сите, посочи Гир.

Поддршката од ЕУ е поткрепена со акциски план што треба да обезбеди одржливи реформи во енергетскиот сектор, а тоа, порача евроамбасадорот, мора целосно да се имплементира.

– Овие 80 милиони евра се само дел од еден поширок пакет што ЕУ го подготви за Западен Балкан. Голем дел од овие пари се веќе достапни за да се поддржат инвестициите во зелената енергетска транзиција која станува се поитна. Тоа е покрај парите што ЕУ ги обезбедува за енергетскиот сектор во оваа држава. Ова не се бројки, туку се луѓе, не се апстрактни обврски, туку практична помош за изградба на зелена иднина, тука, во регионот, и во ЕУ, затоа што енергијата не поврзува, затоа што сме семејство и сме уверени дека заедничката иднина лежи во Европската унија, порача Гир.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Кисела Вода се сретна со постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан

Следно

Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop