Германските власти разоткриле руска хакерска банда

March 6, 2023
1 min read

Германските власти разоткриле меѓународна хакерска банда која ги уценувала германските јавни институции, соопшти денеска Покраинската канцеларија за борба против криминалот при Федералната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

„Осомничените се руските државјани Игор Гаршин, Игор Турашев и Ирина З., против кои е распишана меѓународна потерница“, се вели во соопштението за печатот на Покраинската канцеларија.

Во соопштението се посочува дека се води истрага за уште осум осомничени.

Државното правобранителство во Дизелдорф ја товари групата, која оперирала од рускиот град Јошкар Оле, за хакерски напади врз ИТ системи и уцена на јавни институции во Германија, како што се Универзитетската клиника во Дизелдорф, областа Анхалт-Битерфелд и медиумската компанија Функе.

Групата се смета за одговорна и за нападите врз над 600 институции ширум светот. Американското федерално биро за истраги (ФБИ) издаде и меѓународна потерница против првообвинетиот Игор Турашев.

Напаѓачите користеле тројански софтвер за да ја блокираат целата мрежа на погодените институции, а за повторно пуштање, барале милиони долари.

„Нападите на критичната инфраструктура претставуваат поигрување со животот и смртта“, изјави портпаролот на Европол во Дизелдорф.

За време на хакерскиот напад на Универзитетската клиника во Дизелдорф во септември 2020 година, со кој се блокираше работата на болницата, една жена наместо во Дизелдорф мораше да биде префрлена во блискиот Вупертал, но почина за време на транспортот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Патнички воз се излизга од шините на линијата Зајечар-Неготин, нема повредени

Следно

АСОМ: Владата го ускратува правото на дебата за предлог-измените на Законот за игри на среќа

Latest from Blog

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската

Општина Битола: Со јапонска поддршка унапредена училишната инфраструктура

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола заврши реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија во вредност од 80.314 евра. Донацијата придонесува за подобри и

Го фати Јамал за врат, два пати го удри со глава, а сега ја дозна казната (Видео)

Факундо Бернал е фудбалерот на Бетис кој не го дочека крајот на дуелот против Барселона, откако беше исклучен во второто полувреме. Уругвајскиот интернационалец падна на провокацијата и потоа го нападна Ламин Јамал,

Николоски на терен со работниците: Одличен напредок на автопатот Охрид – Кичево

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на работниците ангажирани на изградбата на автопатот Охрид – Кичево оцени дека работите напредуваат одлично. „На терен со вредните работници кои
Go toTop