Германската министерка за надворешни работи Бербок во посета на Македонија

March 23, 2023
1 min read

Министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија на покана на нејзиниот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи. Во тек на првата посета на државава Бербок ќе биде примена и од претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, прва посета на земјава, министерката Бербок ќе има средби и со собраниската Комисија за надворешна политика, како и со претставници на опозициските партии.

Според агендата, по пристигнувањето, Бербок и Османи ќе одржат тет-а-тет средба, потоа ќе следува средба на двете делегации, а двајцата министри ќе одржат и заедничка прес – конференција.

Разговорите меѓу двајцата министри, како што се најавува, ќе се сосредоточат на пристапниот процес на државата во ЕУ, меѓу другото и на претстојните уставни измени, како наша преземена обврска за продолжување на процесот на преговори со Унијата.

Теми на разговор ќе бидат и билатералните односи меѓу двете земји со акцент на богатата економска соработка, нашето претседавање со ОБСЕ и соработката во рамките на НАТО Алијансата во светло на разнишаната европска безбедносна архитектура.

-Посетата на германската министерка Бербок се толкува како јасен сигнал на Сојузна Република Германија за интересот на германската надворешна политика во насока на целокупна поддршка на нашата земја и нашиот евроинтегративен процес, особено во годината во која прославуваме значаен јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со пријателска Германија, наведе МНР во најавата за посетата.

Германското МНР, пак, за посетата на Бербок на Скопје соопшти дека главниот фокус во разговорите ќе биде пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.

По посетата на Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Самит на ЕУ посветен на Украина

Следно

Силен земјотрес ја стресе Албанија

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop