Германија нема потрошено ни едно евро од ветените 100 милијарди за одбрана

March 21, 2023
1 min read

На 27 февруари минатата година, Шулц доби стоечки овации кога во парламентот вети дека Германија конечно ќе го исполни таргетот за одделување на 2% од БДП-то за НАТО, и плус одвојување на 100 милијарди евра за специјален фонд за армијата.

Нешто повеќе од една година подоцна претседателката на парламентарната комисија за германските вооружени сили, Ева Хугл изјави:

„За жал морам да забележам дека во 2022, ниту едно евро или цент од овој специјален фонд е потрошен.“

Претставувајќи им го годишниот извештај на германските пратеници, Хугл порачала дека германските вооружени сили имаат „премногу малку од сè – дури и помалку отколку на 24 февруари 2022.“

Таа дополнила и дека германските касарни се во „жална состојба“, а некои немаат ни „функционални тоалети, чисти тушеви… спортски терени под затворено, кујни, депоа за муниција и оружарници.“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Хаос во Аргентина, Меси излезе на вечера

Следно

Дали заминувањето на шефот за јавни набавки во ЈПДП е поврзано со тендерот за надзор над „Бехтел и Енка“?

Latest from Blog

ФФМ и Адидас со нов дрес за репрезентацијата – спој на стил и национална гордост

Фудбалска федерација на Македонија официјално го промовираше новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација, кој носи силна симболика поврзана со националниот идентитет, гордоста и заедништвото. Од Федерацијата истакнуваат дека секој детал од дизајнот

Проданоски: Работниците се движечка сила на развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод Меѓународниот ден на трудот – Први Мај, истакнувајќи дека овој празник е симбол на достоинството, правата и придонесот на работниците

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

Уапсен е педофил, кој 37 години се криел на Филипините- киднапирал и силувал 7- годишно девојче

13-тиот окружен суд во округот Хилсборо, Флорида, издаде налог за апсење на Талмаџ во март 2025 година, според соопштението за медиумите од Филипинското биро за имиграција (BI) и онлајн записите добиени од
Go toTop