Германија: 4 лица се повредени, 1 исчезнат по сомнителна експлозија на гас

March 6, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Четири лица се повредени, а едно лице се води како исчезнато откако сомнителна експлозија на гас разнесе куќа утринава во југозападна Германија, пренесува Анадолу.

Силната експлозија во западниот кварт на Штутгарт целосно уништи една куќа и предизвика значителна штета на други куќи и автомобили паркирани на улицата.

Четири лица, меѓу кои две деца, се пренесени во болница, но немаат повреди опасни по живот, изјави портпаролот на полицијата за новинарите на местото на настанот.

Една 85-годишна жена сѐ уште се води како исчезната додека пожарникарите продолжуваат со потрагата во урнатините.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Над 13 илјади последователни потреси во зоната на земјотресот за еден месец

Следно

Град Скопје: Улицата „Радишанска“ е проект кој во целост се реализира од градот Скопје

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop