ГЕРБ води на изборите во Бугарија, но недоволно за самостојно владеење

June 10, 2024
1 min read

Бугарската централнодесничарска партија ГЕРБ е на пат да освои најмногу гласови на парламентарните избори, но ќе и требаат коалициски партнери за да формира влада, покажаа денеска привремените резултати врз основа на 64,06 отсто од преброените гласови.

Резултатите од неделните избори, шести во Бугарија во последните три години, покажуваат дека ГЕРБ освоила 23,65 отсто од гласовите.

Движењето за права и слободи, кое претежно го претставува големото турско малцинство во земјата, доби 15,89 отсто од гласовите, а прозападниот блок Промените продолжуваат (ПП) има 15,08 отсто поддршка.

Ултранационалистичката партија „Обнова“ освоила 14,33 отсто.

Изборите, што се одржаа вчера, беа распишани по распадот на коалицијата меѓу ГЕРБ и ПП во март.

Британските медиуми пишуваат дека на Бугарија, членка на НАТО, и треба стабилна, функционална влада за да го забрза протокот на европски пари во оваа земја со лоша инфраструктура и да ја поттикне да го прифати еврото и да влезе во Шенген зоната.

Даниел Смилов, професор на Универзитетот во Софија, смета дека најверојатна коалиција е ГЕРБ, Движењето за права и слободи и некои од помалите партии.

-Таквата коалиција може да обезбеди одреден степен на стабилност, но не сум сигурен за реформите, особено за оние поврзани со корупцијата, изјави Смилов.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, повеќе од една деценија ја водеше Бугарија пред да ја загуби власта во 2021 година, откако илјадници луѓе протестираа против неговата неактивност во борбата против корупцијата и заради неговите добри односи со моќните локални олигарси.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти во војна со ФИФА: Реал не доаѓа на Светското првенство

Следно

Екстремно десничарската АфД стана најсилната партија во источна Германија

Latest from Blog

СЗО за третина го намали износот на пари што ги бара за итни здравствени случаи низ светот

Тоа е за една третина помалку од минатата година, пред се, поради намалувањето на донациите и загриженоста за придонесите од нејзиниот поранешен главен донатор, САД. „Се фокусираме на оние на кои им е

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавните обвинители

Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и во согласност со законските одредби ќе ги достави до Советот на јавните обвинители, информира денеска на прес-конференција

Проданоски именува нови директори во две јавни институции во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски донесе одлука за кадровски промени во две јавни институции, со цел подобрување на нивното работење и поефикасно управување. За директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички

Комерцијална банка и Гранит доминираа во прометот – МБИ10 со раст од 0,50%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 3 февруари 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,50% и достигна 10.167,09 поени, додека

Проданоски именува нови директори во две јавни претпријатија

Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски донесе одлука за кадровски промени во две јавни институции, со цел подобрување на нивното работење и поефикасно управување. За директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички
Go toTop