Гаши лут на Ковачевски: Брутално го раскинаа политичкиот договор со нас

February 12, 2023
2 mins read

Објавувајќи дека тројцата пратеници на Алтернатива ќе дејствуваат опозициски, на прес-конференцијата по состанокот на партискиот врв во Тетово, Гаши изјави дека нивните довчерашни партнери ја поминале и последната етичка линија со тоа што не дозволиле да се произнесат за тоа дали остануваат во власта пред да биде поднесен предлогот за разрешување на нивните министри

Алтернатива ја напушта владината коалиција и нејзините тројца пратеници во Собранието ќе дејствуваат како опозиција.

Ова вечерва го соопшти првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, по состанокот на Ценралното собрание на партијата на кое донеле одлука за напуштање на владиното мнозинство.

И покрај тоа што премиерот Димитар Ковачевски до Собранието достави предлог за разрешување на тројцата министри и двајцата заменик-министри од редовите на Алтернатива, чие место ќе биде пополнето со кадри на новиот владин партнер Алијанса за Албанците, се очекуваше официјалната одлука и на партијата на Гаши.

На прес-конференцијата по состанокот на партискиот врв во Тетово, Гаши изјави дека нивните довчерашни партнери ја поминале и последната етичка линија со тоа што не дозволиле Алтернатива да се произнесе околу нејзината одлука за останување во власта, пред да биде поднесен предлогот за разрешување на нивните министри.

„Ова говори многу, за жал, говори лошо, за нив и не само за нив како партија, како субјект на кој не му е гајле за раскинување договори и не ги почитува оние што му го спасија животот, туку ова говори многу лошо и за земјата која цели кон европските вредности. Ако СДСМ оцени дека европските стандарди се кршење на договорите, ова е многу лоша вест за Северна Македонија“,

изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Африм Гаши, претседател на Алтернатива

Гаши во своето обраќање се осврна на периодот од јануари 2022 година, кога Алтернатива одлучи да му се приклучи на владејачкото мнозинство. Тогаш, вели Гаши, неговата партија постигнала политички и кадровски договор со тогашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, кој потоа бил прифатен и од актуелниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

„Иако точките од тој договор беа спроведени од наша страна, за жал, другата страна не го спроведе ниту политичкиот ниту кадровскиот договор, а на крај, тие еднострано, речиси брутално, го раскинаа договорот и решија да го раздвојат патот со нас, вклучувајќи друга партија во парламентарното мнозинство“,

рече Гаши.

Лидерот на Алтернатива додаде дека и покрај тоа што неговата партија заминува во опозиција, таа ќе биде посветена на нејзините идеолошки определби и на европскиот пат на земјава. Додаде и дека доколку прашањето за уставни измени стигне во Собранието, тројцата пратеници од оваа партија ќе гласаат „за“.

Алтернатива има тројца пратеници во Собранието – Африм Гаши, Хусни Исмаили и Сафије Садики Шаини. Четвртиот пратеник од оваа партија Скендер Реџепи дејствува независно во парламентот.

И покрај тоа што премиерот Ковачевски до Собранието достави предлози за разрешување на актуелните министри и заменик-министри од редовите на Алтернатива, вчера од СДСМ порачаа дека оваа партија и натаму е добредојдена со свој придонес во европската коалиција.

„Упатуваме порака до Алтернатива дека вратата за соработка е отворена и понатаму. Овие времиња се важни за европската иднина и за економските реформи и ги повикуваме да се издигнат над теснопартиските интереси и да размислат уште еднаш. Иако Алтернатива не одговори на понудата за продолжување на соработката, партијата е добредојдена со свој придонес во европската коалиција“,

изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што се крие зад изјавата на Ковачевски: „За раскинат договор меѓу германска фирма и ЕСМ тужени сме за 28 милиони евра за ремонт“?

Следно

Нови земјотреси во Турција

Latest from Blog

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на

Николоски: Новиот оператор „4iG“ ќе користи сателити на Илон Маск за мобилно поврзување

Новиот мобилен оператор „Оне Македонија“, дел од унгарската групација „4иГ“, планира да ја користи сателитската мрежа Starlink на компанијата „Спејсекс“. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју

ЗК Пелагонија ја гради иднината на домашното млекопроизводство: Знаење, технологија и посветен тим

Земјоделскиот Kомбинат Пелагонија е водечка компанија во рамките на агробизнисот во државата и најголемиот производител на храна во земјава. Располага со 16 000 хектари земјоделско земјиште, а во склоп на комбинатот се
Go toTop