Фудбалерките ја критикуваат ФИФА поради партнерството со Саудиска Арабија

October 21, 2024
1 min read

Повеќе од 100 професионални фудбалерки испратија денеска отворено писмо до ФИФА во кое ја повикаа светската фудбалска организација да го прекине партнерството со саудискиот конгломерат за производство на нафта и гас „Сауди Арамко“, кој е во државна сопственост.

Нарекувајќи го спонзорството „среден прст за женскиот фудбал“, 106 фудбалерки кои го потпишаа писмото посочуваат оти кршењето на човековите права во Саудиска Арабија, особено на жените и членовите на ЛГБТК+ заедницата, се во спротивност со вредностите на спортот за еднаквост и вклученост.

Во април оваа година, ФИФА потпиша четиригодишен договор со кој Арамко ќе стане глобален партнер, вклучувајќи ги и големите турнири како Светското првенство во 2026 година и Светското првенство за жени следната година.

Во писмото, договорот е оценет како „многу полош од автогол“.

„Ја повикуваме ФИФА да го преиспита ова партнерство и да го замени Сауди Арамко со алтернативни спонзори чии вредности се во согласност со родовата еднаквост, човековите права и сигурната иднина на нашата планета“, наведуваат фудбалерите во писмото.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ахмети: Доколку Уставниот суд за јазикот донесе иста одлука како онаа за балансерот, може да дојде до непосакувани ситуации за државата

Следно

Видеолотарија со донација од два милиони, изгради детско игралиште во Општина Кисела Вода

Latest from Blog

„Нова Македонија“: Разговор со Никола Ѓурѓај за работата на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана

Интервју со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, по повод организацијата на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) Со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај,

Коњановски од отворањето на БИТ ФЕСТ: Да ја славиме културата заедно со публиката и уметниците

Со мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, вечерва во преполната сала на Центарот за култура свечено беше отворено 18-тото издание на БИТ ФЕСТ, најголемата летна културна манифестација во Битола.

Турците во неверување, ѕвезда на репрезентацијата најави крај: Засрамени сме!

Фото: https://www.tff.org/ Турската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство по само две кола од групната фаза, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај играчите и навивачите. По поразот од Австралија, Турците

Неделен преглед на Македонската берза: Комерцијална банка и Алкалоид меѓу најтргуваните акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 80.489.314,85 денари, од кои
Go toTop