Фреди Белери во затвор, ЦИК му го потврди мандатот за градоначалник на Химара

May 26, 2023
1 min read

Престојот на Фреди Белери во затвор под обвинение за купување гласови не влијаеше на Централната изборна комисија(ЦИК) на Албанија.

– Попладнево претседателот на комисијата, Илиријан Челибаши му го додели мандатот за градоначалник на Химара, кој беше избран на 14 мај. Одлуката ниту ја бранеа ниту се спротивставија претставниците на политичките партии во ЦИК, јави Ора њуз.

Претходно, во текот на денов адвокатите на Белери и другиот притвореник Пандели Кокавеши поднеле жалба со барање да бидат ослободени од затворската ќелија во која престојуваат од 12 мај.

– Белери бара запирање на случајот, тврдејќи дека нема докази за да го вклучи во кривичното дело за кое е обвинет. Кокавеши бара поблага мерка од „затворски притвор“, со тврдење дека неговата здравствена состојба му го загрозува животот во изолација. Обвинителството тврди дека има докази за вмешаност на Белер во купување гласови во Химара. Според истражното досие, имало инфилтриран агент кој разговарал со него ноќта на 12 мај за да добие 3.600 евра во замена за 8 гласа, наведува телевизијата.

Според аналитичари, прашани за став, од моментот на заверување на мандатот, Фреди Белери се смета за градоначалник, но владата може да донесе одлука за негово разрешување, доколку во рок од три месеци не даде заклетва, бидејќи не може да ги извршува своите должности од затвор.

Сепак, додаваат дека работите може да се променат доколку Апелациониот суд одлучи да продолжи истрагата а нему да му се укине затворскиот со домаше притворот или да се брани од слобода, со што ќе може да ги извршува должностите на градоначалникот на Химара.

По прашањето “Белери” имаше серија реакции и од официјална Атина со барање за негово ослободување и предупредување дека може да влијае врз евроинтегративниот пат на Албанија. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украински разузнавач: Се обидуваме да го убиеме Путин и тој тоа го знае

Следно

Зинедин Зидан одби понуда од 150 милиони евра

Latest from Blog

Попладнево нова блокада на патот Битола-Ресен

Патниот сообраќај на магистралниот пат А3 Битола – Ресен над населбата Баир во Битола од 14:30 часот е во прекин бидејќи во тек е јавен собир, информира попладнево Авто-мото сојуз на Македонија.

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје. „Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови

Проданоски со планови за целосна реконструкција на пазарот во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска, на пазарен ден, заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, изврши обиколка на градскиот пазар и оствари директни разговори со сограѓаните и пазарџиите. Градскиот пазар во

Коњановски: „Приказната за Силјан“ носи ново филмско доживување за битолчани

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше дека денеска остварил средба со продуцентот на филмот „Приказната за Силјан“, Јорданчо Петковски, по повод вечерашната премиера на филмот во Битола. Како што истакна Коњановски, особена
Go toTop