Фрчат оставки во Италија: По претседателот си замина и директорот на репрезентацијата!

April 2, 2026
1 min read
ФОТО: www.figc.it

Хаос во Италија. Фрчат оставки во тамошната Фудбалска федерација. Имено по претседателот Габриеле Гравина, си замина и директорот на репрезентацијата, легендарнио Џанлуиџи Буфон. Ова доаѓа откако Италија по третпат во низа не успеа да се пласира на еден Мундијал.
Откако претседателот на Италијанската федерација, Габриеле Гравина, поднесе оставка, Буфон го стори истото кусо потоа.

Со оглед на тоа што претседателот Гравина одлучи да поднесе оставка, чувствувам дека морам да го сторам истото бидејќи тоа е одговорен чин. И покрај моето искрено верување дека изградив толку многу во однос на тимскиот дух со Гатузо и сите мои соработници за ова кратко време, главната цел беше да се квалификуваме за Светското првенство. Не успеавме. Правилно е да им ја оставам слободата на оние што доаѓаат по мене да ја изберат личноста што ја сметаат за најдобра за мојата улога“ истакна Буфон.
Буфон јасно стави до знаење дека претставувањето на Италија значи голема чест за него.
„Се обидов да ја спроведам мојата улога на начин што ја вложив целата енергија што ја имав. Направив сè за да го преиспитам начинот на кој ги негуваме идните таленти на сениорската репрезентација.Побарав и добив вклучување на неколку искусни луѓе кои, заедно со постојните вешти играчи, носат промени со долгорочна визија. Сè носам во срцето, благодарен сум за ова искуство“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Чаир организира панел по повод Меѓународниот ден на аутизмот

Следно

Општина Чаир со порака за инклузија: Одбележан денот на свесноста за аутизмот

Latest from Blog

Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво, ќе се следи состојбата со енергенсите

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 отсто во државата, а претставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените

Општина Чаир со порака за инклузија: Одбележан денот на свесноста за аутизмот

Денеска, во Општина Чаир се одбележа Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот. На добро организиран панел со широка учество на професионалци, родители и институционални претставници се дискутираше за предизвиците со кои се

Општина Чаир организира панел по повод Меѓународниот ден на аутизмот

Денеска, во Општина Чаир се одбележа Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот. На добро организиран панел со широка учество на професионалци, родители и институционални претставници се дискутираше за предизвиците со кои се
Go toTop