ФОТОГАЛЕРИЈА | НЕВРЕМЕТО ЈА ПАРАЛИЗИРА ЈАПОНИЈА – 360 милиметри дожд за 24 часа, четворица загинати и илјадници заглавени на аеродром

August 14, 2026
1 min read

Рекордни врнежи ја погодија Јапонија, предизвикувајќи поплави, прекини во сообраќајот и хаос на аеродромите, а досега се потврдени најмалку четири жртви. Во префектурата Чиба за само 24 часа наврнале повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи патишта и железнички пруги и оставајќи илјадници патници заглавени на аеродромот „Нарита“. Властите сè уште трагаат по едно лице, додека дел од домаќинствата останаа без електрична енергија.

На погоденото подрачје се испратени војници за да помогнат во спасувачките акции и санирањето на последиците од невремето.

„Ова беше исклучително невообичаена ситуација“, изјави гувернерот на Чиба, Тошихито Кумагаи, во петокот наутро пред новинарите. „Во минатото сум се соочил со многу природни катастрофи, но никогаш не сум доживеал нешто вакво.“

Според податоците на енергетската компанија „Токио електрик пауер“, во петокот во 11 часот по локално време, повеќе од 22.000 домаќинства сè уште биле без електрична енергија.

Во градот Чиба, едно од најтешко погодените подрачја, стотици луѓе ја поминале ноќта покриени со термо-прекривки во јавни објекти, кои биле претворени во привремени евакуациски центри.

Поради нарушувањата во сообраќајот, околу 7.000 луѓе останале заглавени на аеродромот „Нарита“, соопшти портпаролот на аеродромот. Тој додаде дека се очекува сите летови во петокот да се одвиваат според предвидениот распоред.

Од „Јапон ерлајнс“ соопштија дека можни се доцнења на дел од летовите, но засега не се очекува нивно откажување.

Во префектурата Чиба биле затворени и неколку главни автопати, поради што возачите морале да користат алтернативни правци. Тоа предизвикало големи сообраќајни метежи, објави управителот на автопатиштата „НЕКСО Ист“.

Неколку железнички линии и во петокот наутро сè уште биле во прекин, иако повторно започнале да сообраќаат дел од возовите што го поврзуваат „Нарита“ со Токио, со што се намалиле гужвите на овој меѓународен сообраќаен центар.

Снимките на јапонската јавна телевизија NHK покажаа дека стотици патници во текот на ноќта чекале во редици за од аеродромскиот персонал да добијат ќебиња, шишиња вода и грицки, а потоа ја поминале ноќта во терминалот на аеродромот.

„Ова патување никогаш нема да го заборавиме“, изјавил за NHK еден американски патник, кој заедно со своето семејство останал заглавен на аеродромот.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Попладнево можни невремиња во поголем дел од земјата

Latest from Blog

Попладнево можни невремиња во поголем дел од земјата

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за појава на невреме. Според временската најава, локално се очекуваат пороен дожд, засилен ветер, грмежи, а можна

Херојска ноќ во Битолско: Пожарникарите со часови се бореа да ги заштитат селата

По повеќе од 33 часа непрекината работа на терен, пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите што изминатите денови зафатија повеќе села на територијата на општините Битола, Могила и Новаци. Пожарите избувнаа

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека
Go toTop