(ФОТО+ВИДЕО) Македонија на полувреме во водство против Англија

November 20, 2023
1 min read

Македонија поведе по пеналот што го изнуди Миовски. Ударот од белата точка го изведе Барди во 43. минута

Македонија по првото полувреме во последниот меч од овој квалификациски циклус, води со 1:0 против Англија.

Англија доминираше во поседот во првиот дел, а Македонија само неколку пати успеа да мине на противничкиот дел од теренот.

Фото: 360 степени

Најблиску до гол беше Деклан Рајс кој во 14. минута ја погоди стативата.

Македонија поведе по пеналот што го изнуди Миовски. Ударот од белата точка го изведе Барди во 43. минута. Англискиот голман Пикфорд го одбрани, но одбиената топка се врати кај капитенот на македонската репрезенатција, кој не пропушти да ја реализира втората шанса.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски од Струмица: Од тоа што ветија, ништо не испорачаа!

Следно

Исценирани инциденти на Левица од Апасиев кој заговараше „шамари, клоци и тупаници“ за Вељаноски

Latest from Blog

Сите плажи на Охридско-струшкото крајбрежје да ангажираат спасители на вода за претстојната сезона

Угостителските објекти во туристички Охрид безбедносно се подготвуваат за летната сезона. Зголемен е бројот на угостители кои периодов побарале обуки за ново вработените и сезонците за давање прва помош и за евакуација

Германија го поддржува повикот на Трамп за 30-дневен „безусловен“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина

БЕРЛИН (АА) — Новиот германски канцелар Фридрих Мерц денес изрази поддршка за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за 30-дневен „безусловен“ прекин на огнот меѓу Русија и Украина, известува Анадолу. Зборувајќи на

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот
Go toTop