(ФОТО) Маж и неговата 11-годишна ќерка загинаа во руско гранатирање на градот Запорожје

April 9, 2023
1 min read

Најмалку две лица загинаа во новите руски напади на градот Запорожје во јужниот дел на Украина. Според информациите, во еден од нападите загиналe маж и неговата 11 годишна ќерка.

Руската армија ги извршила нападите рано утринава, а двете лица загинале откако руска граната го погодила нивниот приватен дом. Инаку, според украинските власти, само во изминатите 24 часа областа Херсон била гранатирана 71 пат. За време на нападите биле испукани околу 500 гранати од кои 32 го погодиле пристанишниот град Херсон, а за среќа во овие напади нема жртви. Украинските власти тврдат дека Русија таргетирала станбени објекти, далноводи, терминал за жито и бродоградилиште. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак на Телеграм објави фотографија од урнатата куќа. Тој ги нарече напаѓачите „злобни животни“.

Фото: Андриј Јермак/ Телеграм

Русија претходно илегално ги анектираше регионите Запорожје и Херсон, но не успеаја да воспостават контрола врз главните градови во овие два региона.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тунис: При потонување на две пловила со мигранти исчезнаа најмалку 27 лица

Следно

Честитка на Градоначалничката на Град Скопје Арсовска по повод католички Велигден 09.4.2023

Latest from Blog

Нептун во Овен носи нова духовна ера

Со влезот на Нептун во Овен на 26 јануари 2026 година, започнува длабок и долготраен колективен пресврт. По децении во Риби, каде духовноста беше поврзана со повлекување, жртва, магла и бегање од

Божиновска: Соларната енергија – темел на енергетската транзиција во Македонија

26 јануари – Меѓународниот ден на чистата енергија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја потенцира важноста на соларната енергија за одржлив развој на земјата. „Македонија има сонце. И има потенцијал“,

Внимавајте кога пребарувате на “Google” за здравје: Еве кој најчесто ви одговара на важни прашања

Функцијата за пребарување на „Google“ под име „AI Overviews“ го цитира „YouTube“ повеќе од кој било медицински веб-сајт кога одговара на прашања за здравствени состојби, покажува најновото истражување. Компанијата „Google“ соопшти дека
Go toTop