Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот голем предизвик, а тоа беше гостувањето кај Бетис. На крајот, каталонскиот гигант на гости победи со убедливи 5:2.
„Сметам дека бевме исклучително ефикасни во нападот и игравме со висок интензитет. Во никој случај не беше лесен натпревар, но покажавме многу високо ниво на квалитет. И Бетис одигра добро, но нашата победа е целосно заслужена“, изјави тренерот на Барселона, Флик.
Германскиот стратег, исто така, ја истакна важноста на прекините во текот на натпреварот. Барселона постигна два погодоци по прекини на играта.
„Работата на прекините за време на тренинзите е од суштинско значење. Вториот гол се покажа како исклучително значаен, бидејќи беше постигнат непосредно пред паузата. Играчите задолжени за овие ситуации си ја вршат работата одлично“, додаде Флик.
Освен перфектната низа во првенството, Барселона има максимални два триумфи и во Лига на шампиони, па тоа е единствен тим во Европа кој уште е без грешка, а има одиграно двоцифрен број на средби.
Извор: sportmanija.mk

