Фидан: Туркије е посветена на силно партнерство со африканските земји

November 3, 2024
1 min read

ЏИБУТИ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес ја повтори посветеноста на Туркије за поттикнување силно партнерство со африканските земји, известува Анадолу.

Министерот Фидан одржа говор на третата министерска конференција како дел од партнерството меѓу Туркије и Африка во западноафриканската земја Џибути.

Турскиот министер ја истакна важноста на младото население во Африка, но и огромните ресурси и растечкиот пазар на континентот, додавајќи дека Африка мора да преземе „поголема улога“ во 21 век.

Фидан потсети и на многуте предизвици со кои се соочува Африка, вклучително и тероризмот, нееднаквоста, негативните ефекти од климатските промени и нерегуларната миграција.

Шефот на турската дипломатија ја нагласи посветеноста на Анкара за „африкански решенија за африканските проблеми“.

Осврнувајќи се на безбедносните проблеми, Фидан ја истакна поддршката на африканските земји во борбата против тероризмот и стабилизација на регионите погодени од конфликти.

Фидан особено ја нагласи важноста на растечката трговска размена на Туркије со Африка, која во 2023 година надмина 35 милијарди долари, додавајќи дека турските инвестиции во африканските земји изнесуваат околу 7 милијарди долари.

Турскиот министер ја пофали и поддршката на африканските земји за Палестина и ја истакна важноста на африканските гласови на глобалните платформи, како што е Г20.

Туркије, како стратешки партнер на Африканската унија од 2008 година, работи на развивање билатерални односи со африканските земји преку структуриран и приспособен пристап.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извештај на ЕК за 2024-та година: Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт

Следно

Се работи на утврдување кривична одговорност за несреќата во Нови Сад- политичка одговорност мора да има

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop