Фидан: Милиони Сиријци кои мораа да ја напуштат својата земја сега можат да се вратат во неа

December 8, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије дејствува внимателно за да се погрижи терористите на ДАЕШ и ПКК да не ја искористат ситуацијата во Сирија по падот на режимот на Асад, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува Анадолу.

За време на повеќедецениската сириска граѓанска војна, двете терористички организации го искористија недостатокот на ефикасна администрација, при што ПКК/ЈПГ правеше обиди да воспостави терористички коридор долж границата со Туркије, беа распоредени турски војници за да ја спречат таа закана.

Истакнувајќи дека турските власти се во контакт со нивните американски колеги, Фидан ги повика сите актери во регионот и на други места да дејствуваат смирено и внимателно, бидејќи, како што нагласи, регионот не смее да биде вовлечен во понатамошна нестабилност.

Посочувајќи дека Туркије придава големо значење на националното единство, суверенитет и територијален интегритет на Сирија, Фидан порача дека сириските државни институции мора да бидат заштитени и опозициските сили мора веднаш да се обединат.

Сирискиот народ ќе ја преобликува иднината на својата земја, рече турскиот министер, додавајќи дека милиони Сиријци кои мораа да ја напуштат својата земја за време на долгата граѓанска војна сега можат да се вратат.

Наведувајќи дека Туркије ќе продолжи да работи со новата администрација на Сирија, користејќи се што има заедно со регионалните соседи за обнова на земјата, Фидан рече дека немаат информации каде се наоѓа соборениот сириски претседател Башар ал-Асад, додавајќи дека тој можно е да е во странство.

Откако главниот град Дамаск утрово падна под контрола на антирежимските сили, се појавија гласини дека Асад избегнал, но ништо не е потврдено.

– Патот до колапсот на режимот на Асад –

На 27 ноември избувнаа судири меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските вооружени групи во руралните области западно од Алепо, еден од најголемите градови во северна Сирија.

На 30 ноември, антирежимските групи ја презедоа контролата врз поголемиот дел од центарот на Алепо од режимските сили, а истиот ден ја презедоа контролата врз целата покраина Идлиб. Минатиот четврток, по жестоки судири, групите го презедоа центарот на градот Хама од режимските сили.

Антирежимските групи зазедоа одредени населени места во стратешки важната покраина Хомс, порта кон главниот град Дамаск, и почнаа да напредуваат таму.

Во петокот, вооружените опозициски групи започнаа операција во покраината Дера на сириската граница со Јордан и го зазедоа центарот на градот од режимските сили по судирите.

Вчера под контрола на опозициските групи падна и целата покраина Сувејда во јужна Сирија. Истиот ден, локалните опозициски групи во Кунеитра, исто така, ја презедоа контролата врз покраинскиот центар.

Во покраината Хомс, која води до главниот град, вчера антирежимските сили ја презедоа контролата врз центарот на покраината.

Групите кои напредуваа против силите на режимот на Асад влегоа во јужните предградија на Дамаск доцна синоќа. Режимските сили се повлекоа и од министерствата за одбрана и внатрешни работи и од Меѓународниот аеродром во Дамаск.

Откако антирежимските вооружени групи почнаа да го зголемуваат своето напредување во главниот град, режимот на Асад утрово брзо изгуби секаква контрола над Дамаск. По гласините дека побегнал од главниот град, моментално не се знае каде се наоѓа соборениот Башар ал-Асад.

Исто така, во операцијата „Зора на слободата“ што ја започна опозициската Сириска национална армија против терористичката организација ПКК/ЈПГ во руралните делови на Алепо на 1 декември, окружниот центар Тел Рифат беше ослободен од тероризмот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сирискиот премиер не знае каде се наоѓа Асад по падот на неговиот режим

Следно

Честитка од министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод празникот Свети Климент Охридски

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop