ФБИ човекот на Еди Рама

March 26, 2023
2 mins read

Минатиот месец против поранешниот функционер на ФБИ беа покренати федерални обвиненија. Според Министерството за правда, по неговото пензионирање од ФБИ во 2018 година, после 22-годишна кариера главно во разузнавање, Чарлс Мекгонигал ги прекршил американските санкциите кон Русија, станувајќи соработник со Олег Дерипаска, врвен олигарх на Кремљ.

Со оглед на траговите што Дерипаска ги остави на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година, апсењето на Мекгонигал ги возбуди либералите кои конечно го видоа доказот што го бараа со години дека ФБИ тајно ѝ помага на кампањата на Трамп против Хилари Клинтон. Некои од десницата дојдоа до спротивни заклучоци: за нив ова беше конечен доказ дека ФБИ во 2016 година го местел Трамп, намамувајќи го во фамозниот „Руски хоакс“.

Но, во меѓувреме, случајот на Мекгонигал добива нови координати, блиску до нас. Поточно Албанија, поточно Еди Рама.

„Спротивно на внимателно негуваниот имиџ на Рама како лојален про-американски НАТО сојузник па дури и борец против корупција, за време на неговото владеење, Албанија всушност стана водечка нарко-држава во Европа. Како што веќе објави Вашингтон Егзаминер, Албанија на Еди Рама прерасна во Панама на Мануел Нориега во 1980-тите“, пишува Џон Шиндлер.

Од кои и да се причини, американската администрација од овој проблем тргаше глава на страна. Но, почнаа други да забележуваат.

Неделава Фајненшл тајмс извести за грешките во владеење на Рама, нафрлајќи суптилни навестувања за вознемирувачки настани зад сцената, истакнувајќи дека „репутацијата на Рама во странство е извалкана и од неговите контакти со дискредитиран американски службеник“ , т.е. Мекгонигал, „обвинет дека му помагал на албанскиот лидер да ги прогонува политичките ривали“. Притоа, медиумот нотира и дека многу просечни Албанци „веруваат дека владата соработува со шверцерите на дрога“.

„Да, го прават тоа и време е луѓето да се запрашаат зошто Вашингтон толку упорно ја брани оваа нарко-френдли држава,“ вели Шиндлер.

Албанија е членка на НАТО о ценет сојузник на САД но Америка постојано се меша во внатрешната политика на тој пријател и сојузник од причини што е тешко да се дешифрираат.

Во срцето на скандалот е вклучен поранешниот претседател и премиер на земјата, Сали Бериша. Тој пред две години беше санкциониран од САД поради наводна корупција.

Иако да се најде некорумпиран политичар во Албанија е тешко како да се бара девица во куплерај, никој кој ја познава ситуацијата таму не смета дека Бериша и неговите Демократи се покорумпирани од Рама и неговите социјалисти, тврди Шиндлер.

Бериша е убеден дека одлуката на Вашингтон да биде прогласен за „персона нон грата“ (осум години откако ја напушти власта) е резултат на контактите на Рама со Мекгонигал и неговото лобирање за тоа.

Иако Мекгонигал почнува да мешетари по Балканот уште под администрацијата на Трамп, Белата куќа на Бајден навлегуваше во сè подлабока и посомнителна американска интервенција во албанската политика за да му помогне на Рама и да му наштети на Бериша.

Илустративен е случајот со Или Ндроќи, албански медиумски магнат и критичар на Рама, кој беше санкциониран од Вашингтон (за наводно „дестабилизирачко однесување“), а потоа власта му ја конфискува ТВ станицата поради наводна корупција.

Ндроќи вели дека во сите закани кон него му се спомнувало дека зад властите стојат Американци. Не дека не било тоа вистина, сега кога се знае дека Рама го имал Мекгонигал.

Високиот човек во ФБИ наводно лично контактирал богати Албанци кои не биле во добри односи со владата на Рама дека би можеле да се соочат со итни американски санкции, смрзнување на нивните банкарски сметки, заплена на имотот, забрана за патување….

Се разбира, тој можел да го среди проблемот за „скромен надомест“ изразен во милиони долари. Наводно, некои поминале само со три а некои морале да платат и 30 милиони долари.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судот му забрани на Робињо да го напушти Бразил по затворската казна за силување

Следно

НАТО: Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

Latest from Blog

Нови апсења во Турција: Функционери на Галатасарај и Ејупспор зад решетки

Нема крај на операцијата за сузбивање на нелегалното обложување во турксиот фудбал. Медиумите од таму јавуваат дека последно се уапсени уште 29 лица во рамките на големата истрага односно афера за нелегално

Руте: ЕУ не треба да стане целосно независна од САД во одбраната

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, смета дека Европската Унија не треба да стане целосно независна од САД во одбраната, и покрај ставот што го зазеде администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп

Тоштовски за новите полициски автомобили: Ова е прва ваква набавка по повеќе од 15, возила се целосно опремени со најсовремена технологија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски днеска при презентацијата на новите полициски возила изјави дека ова е прва ваква набавка по повеќе од петнаесет години и дека новите возила се целосно опремени

Голо Брдо на разгледница: нов придонес во промоцијата на македонската култура во Албанија

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Голо Брдо, содржи 15 фотографии од селата во овој крај значаен придонес во
Go toTop