ЕУ воведува европски дигитален идентитет за поедноставен пристап до онлајн услуги

March 27, 2024
1 min read

Советот на ЕУ усвои нова Рамка за европски дигитален идентитет (еИД), која има за цел да им обезбеди на граѓаните и бизнисите во Унијата да имаат универзален пристап до сигурна и доверлива електронска идентификација и потврдување на автентичноста, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Според белгиски државен секретар за дигитализација, административно поедноставување и заштита на приватноста Матје Мишел, усвојувањето на регулативата претставува пресвртница во дигиталната трансформација на европското општество, обезбедувајќи доверлив и безбеден дигитален идентитет за сите Европејци. 

– Овозможувајќи им на граѓаните да имаат уникатен и безбеден европски дигитален паричник, а во исто време да ја задржат целосната контрола на нивните лични податоци, ЕУ прави клучен чекор напред поставувајќи глобален репер во дигиталната сфера и подобрувајќи ја безбедноста на онлајн услугите, оцени Мишел.  

Според него, европската регулатива за дигитален идентитет ќе придонесе за значително подобрување и поедноставување на пристапот до јавни услуги преку интернет, со што во преден план се стават интересите на граѓаните.  

– Граѓаните не треба да го носат товарот на административна и институционална сложеност, заклучи Мишел. 

Со новиот закон, земјите членки на ЕУ на граѓаните и бизнисите ќе им понудат т.н. дигитални паричници преку кои ќе можат да ги поврзат нивните национални дигитални идентитети со други лични документи, како возачка дозвола, банкарска сметка или доказ за степен на квалификации. Со тоа, европските граѓани ќе можат да го докажат својот идентитет и да споделуваат електронски документи од нивните дигитални паричници преку мобилни телефони. 

Европските паричници за дигитален идентитет (ЕДИВ) ќе им овозможат на сите граѓани пристапат до онлајн услуги со нивната дигитална идентификација, која ќе биде препознатлива низ цела ЕУ, без да мора да користат други методи за идентификација или непотребно да споделуваат лични податоци. Системот ќе биде така воспоставен што ќе осигурува споделување само на неопходните информации. 

ЕДИВ ќе содржи контролна табла со сите трансакции достапни за неговиот сопственик, и онлајн и офлајн, и ќе нуди можност да се пријават можни прекршувања на правилата за заштита на податоците, а ќе биде можна и интеракција помеѓу паричниците. Покрај тоа, граѓаните ќе можат да користат и бесплатните електронски потписи за непрофесионална употреба.  

Согласно законската рамка, секоја земја членка на ЕУ мора до 2026 година на своите граѓани да им обезбеди пристап до паричник со дигитален идентитет, кој ќе важи на територијата на цела Унија. 

Издавањето, користењето и укинувањето на ЕДИВ за сите физички лица ќе биде бесплатно, при што на граѓаните им се остава правото да одлучат да не извадат ваков паричник. 

Рамката за европски дигитален идентитет ќе стапи во сила 20 дена по објавувањето во Службениот весник на ЕУ, а нејзината целосна имплементација треба да започне до 2026 година.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Исчезнатите шестемина работници по уривањето на мостот во Балтимор се претпоставува дека се мртви

Следно

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop