ЕУ на неформален состанок за проширувањето

April 30, 2024
1 min read

Големото проширување на ЕУ од 2004та – убава европска приказна или најава за 2030та? Утре се заокружуваат две децении од големото отворање на европската врата, а Македонија и земјите од регионот се уште го одат трнливиот пат кон поголема ЕУ. 

Германскиот претседател Штајнмаер во говор од Прага, објавен на неговата официјална страна, порача дека Западен Балкан не смее да чека и да стане сива зона за руско влијание.

–  Сега, 20 години по најголемото проширување на нашата унија, повторно сме во историска ситуација во која мораме да направиме се што можеме за да ја обезбедиме нашата цел за мирен соживот во слобода и демократија. Уште еднаш, десет држави се во процес на пристапување во исто време. Тие се на пат. И едно е јасно: бидејќи Путин ќе го задржи своето деструктивно влијание каде и да може, Западен Балкан не може да остане во геополитичка сива зона, рече Франк-Валтер Штајнмајер, претседател на Германија. 

А на конференција во Чешка, пораки дека проширувањето во овој момент е геополитичка неопходност испратија голем број еу политичари. 

– Имам разбирање за земјите кои стојат пред вратата на ЕУ, нивните амбиции ја докажуваат привлечноста на тој проект. Проширувањето е исто така геополитичка неопходност. Ако ги оставиме Западен Балкан, Украина и Молдавија да стојат пред вратата на ЕУ, ќе ги оставиме на милост и немилост на Русија и на актерите кои не и посакуваат добро на Европа, вели чешкиот претседател Петр Павел.

На масата во Брисел,пак, шефовите на дипломатии на ЕУ денеска ги отворија темите за ново проширување, но и за користењето на ветото од земјите членки.

– Ја подготвуваме иднината, па затоа сум убедена дека ни треба повеќе квалификувано мнозинство, кога станува збор за одбранбените политики, а исто така и за надворешните политики, вели Хаџа Лахбиб од МНР на Белгија. 

Вера Јурова потпретседателка на Европската комисија за вредност и транспарентност – Прашавте за недостатоците, се разбира, помалите и земјите со средна големина, секогаш ќе бидат многу будни, затоа што ветото е единствениот инструмент што го имаат во рака, кога е нешто драматично против нивните национални интереси. 

На 1 мај 2004та ЕУ прими 10 нови членки . Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Кипар, Малта и Словенија. Настанот се нарекуваше  „Биг Бенг“. А прашањето кое сега се поставува е – дали ЕУ ќе ги отвори вратите за новото  „Големо враќање дома“ или само се спрема за европски избори во јуни. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Следно

Зидан: Нема да биде лесно вечерва, но Реал е Реал

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop