ЕУ ќе ја зајакнува македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025
1 min read

Поддршката од ЕУ, но и нашите сојузници се должи на нашата искрена посветеност, подготвеност и професионалност да одговориме на зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко. ЕУ ја препозна нашата искрена заложба за зајакнување на безбедноста, вклучувајќи го и придонесот во мировните операции и одговори позитивно на барањето за зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра, соопшти денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој заедно со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас го посетија седиштето на Балканските медицински наменски сили (Balkan Medical Task Force).

Мисајловски упати благодарност до Калас и за поддршката од страна на Унијата во градењето на македонските одбранбени капацитети. 

„Се работи за опрема за потребите на инженеријата, за Воено-медицинскиот центар, за лесната пешадиска баталјонска група, за логистиката, технологии поврзани со разузнавање, набљудување, извидување, електронско војување, комуникациско-информациски системи, системи за команда и контрола, заштитна опрема. Со оваа помош е опфатена и обука на персоналот, онаму каде што е потребно“, појасни Мисајловски, додавајќи дека пристигнувањето на оваа опрема се одвива според планираната динамика.

Според него, поддршката што ја добиваме како и потпишувањето на партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ е јасен показател дека Унијата го вреднува партнерството и усогласеноста на нашата земја со заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ.

„Денес сме тука, во седиштето на Балканските медицински наменски сили, меѓународна организација во која се вклучени и регионални медицински сили споспобни за брз одговор на широк спектар на ситуцаии. Оваа организација дава значаен продонес за зајакнување на регионалната соработка и ги промовира добрососедските односи. Овој регионален капацитет беше препознаен како стратешка регионална алатка и токму на таа основа ЕУ одлучи да го поддржи развојот и подобрувањето на воено медицинските сили на сите земји членки со набавка на нова модерна опрема во вредност од шест милиони евра, од кои два милиони евра беа наменети за нашата земја“, подвлече Мисајловски.

Како земја која се гледа во големото европско семејство и земја членка на НАТО, како што рече, соработката во одбраната е приоритет.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас по посетата на седиштето на Балканските медицински наменски сили (Balkan Medical Task Force) изјави дека се работи за силен пример за регионална соработка што дава резултати. 

„ЕУ ја поддржува оваа иницијатива, и политички и финансиски бидејќи таа точно го одразува она за што се залагаме во Западен Балкан, доверба, партнерство и постигнување видливи резултати за луѓето. Оваа иницијатива е уште поважна бидејќи се однесува на спасување животи. Ние исто така ја поддржуваме Северна Македонија преку билатерална воена помош“, потенцира Калас.

Таа информира дека ЕУ има издвоено 38 милиони евра за Армијата на Северна Македонија, вклучувајќи ја и последната транша од 15 милиони евра, одобрена во април.

„Северна Македонија е доверлив партнер, целосно усогласен со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, придонесувајќи во операциите на ЕУ, особено во Мисијата на силите на Европската унија (ЕУФОР) Алтеа во Босна и Херцеговина и тоа многу го цениме“, истакна Калас.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Венс: Трамп ќе употреби воена сила само ако има јасни цели

Следно

Мицкоски: Време е сите граѓани без разлика на етничка припадност, заедно да изградат општество на еднаквост и соживот

Latest from Blog

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во

Врховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба

Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Северна Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова. На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Северна Македонија и Словачка,
Go toTop