ЕУ го поздрави прекинот на огнот во Газа

May 14, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) го поздрави новиот прекин на огнот во Газа и побара отворање премини за да се овозможи хуманитарна помош, гориво и работници во регионот, пренесува Анадолу.

„Европската Унија го поздравува најавениот прекин на огнот меѓу Израел и палестинското движење Исламски џихад, кој треба да стави крај на насилството во и околу Газа“, се вели во соопштението на дипломатската служба на ЕУ.

Унијата изрази длабоко жалење за загубите на цивилни животи, вклучително и деца, и ја истакна важноста „повторно да се отворат премините за да се овозможи особено хуманитарна помош и гориво, како и работници, да влезат и да излезат од Газа“.

ЕУ, исто така, ги пофали напорите за посредување на Египет за склучување на примирјето и ги повика двете страни да работат на трајно политичко решение.

Израел и палестинските групи во Газа во саботата се договорија за прекин на огнот со посредство на Египет, кој треба да стапи на сила во 21 часот.

Најмалку 33 Палестинци се убиени, а десетици се повредени во израелските воздушни напади врз Газа од вторникот, според палестинското Министерство за здравство.

Израелската армија започна воздушни напади како дел од контраофанзивата откако беа истрелани ракети од Газа по смртта на палестински затвореник што штрајкуваше со глад во израелски затвор.

Палестинските фракции во Газа возвратија со лансирање ракети врз израелските територии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Избори во Туркије: Укината забраната за емитување

Следно

Гласањето во Турција заврши без посериозни проблеми

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop