Ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Русија, опасност од нуклеарна војна

November 19, 2024
1 min read

Еден ден по одлуката на американските власти да дозволат напади со нивни ракети врз руска територија, украинската армија нападна складиште со оружје, сместено 120 километри длабоко на руска територија

1000 денa од почетокот на судирот меѓу двете држави, од генералштабот на укртаинската армија потврдија дека нападот го извршиле благодарение на ракетите кои ги добиле од САД. Додека се засилува конфликтот на истокот на Европа, ги повика сојузниците да продолжат со помошта, предупредувајќи дека рускиот претседател не сака војната да запре.

„Рускиот претседател Владимир Путин донесе 11.000 севернокорејски војници на границите на Украина. Овој контингент може да порасне до 100.000..Сам нема да запре. Колку повеќе време има, условите се влошуваат..Без одредени клучни фактори, на Русија ќе и недостасува вистинска мотивација да се вклучи во значајни преговори.“ – изјави Зеленски.

Прва реакција на владимир путин по одлуката на сад и дел од европските држави дека ќе дозволат употреба на ракети со  долг дострел за напади на руска територија. Потпишан декрет со кој нуклеарното оружје останува последната линија на одбраната а во новата уредба се прецизирани и случаите под кои може да се користи ова оружје. Нуклеарен одговор може да има и во случај на напад врз Белорусија.

„Државната политика во областа на нуклеарното ограничување е од одбранбена природа, насочена кон одржување на потенцијалот на нуклеарните сили на ниво доволно за да се обезбеди нуклеарно ограничување и да се гарантира заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.“ – Основи на геополитиката во областа на нуклеарното задржување.

Од Стејт департментот пак велат дека политиката на САД во однос на користењето американско оружје од страна на Украина за напади во руска територија не е променета и дека Вашингтон дозволува корекција на оваа политика доколку тоа е соодветно.

„Како што знаете, уште пред Русија да ја започне својата сеопфатна инвазија, САД формираа коалиција од над 50 земји за да ѝ помогнат на Украина и да ја повикаат Русија на одговорност за нејзините дејствија. Јасно ставивме до знаење дека ќе ги адаптираме и коригираме потенцијалите што ѝ ги обезбедуваме на Украина кога тоа е соодветно, и видовте дека тоа го потврдуваме со нашите дејствија во изминатите неколку години.“ – изјави Метју Милер портпарол на Стејт департментот.

Првиот човек на НАТО пак смета дека Најдобро е земјите кои обезбедуваат оружје за Украина да не поставуваат ограничувања за тоа како силите на Киев можат да го користат…

„Треба да го зголемиме военото производство, НАТО и ЕУ тесно соработуваат на ова, два проценти од БДП трошоците за одбрана и одвраќање не се доволни. Плановите на Путин не смеат да успеат, Украина мора да надвладее.“ – Марк Руте генерален секретар на НАТО.

Во меѓувреме расте бројот на загинати по нападите врз Украинските градови Одеса и Суми. Најмалку 10 лица загинаа а 40-тина се повредени во нападот врз пристанишниот град на југот на Украина. 11 загинати и преку 80 се повредени во нападот врз Североистокот на Украина. Најтешко е погоден градот Суми, каде покрај загинати цивили има и најмалку 15 уништени објекти, меѓу кои и училишта.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МОН ќе интервенира во студентскиот дом „Пелагонија“

Следно

Одбележан денот на ослободување на Тетово

Latest from Blog

Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани

На 03.07.2025 во 00.25 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, извршиле претрес во

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop