Ердоган во Анкара разговараше со казахстанскиот колега Токаев

March 16, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана со неговиот казахстански колега Касим-Жомарт Токаев, јавува Анадолу.

Состанокот се случи пред вонредниот самит на лидерите на Организацијата на туркиските држави (ОТС) во претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.

Не беа објавени дополнителни информации за состанокот зад затворени врати.

За време на самитот, кој ќе се фокусира на управувањето со катастрофи и вонредни состојби и хуманитарна помош, лидерите ќе елаборираат за мултилатералната соработка и механизмите за координација во борбата против катастрофи и ќе одржат консултации за актуелните предизвици во регионот, се вели во соопштението на организацијата.

ОТС, порано наречена Туркиски совет, е меѓународна организација што се состои од истакнати независни туркиски земји што работат заедно за да ги подигнат односите и унијата меѓу себе.

Нејзини членки се Туркије, Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан. Европската држава Унгарија, Туркменистан и Турската Република Северен Кипар имаат статус на набљудувач.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти: Не се грижам за ждрепката, треба да победиме без разлика кој да ни се падне

Следно

(Видео) Усје – од заборавена населба до посакувана дестинација за живеење

Latest from Blog

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и

Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа
Go toTop