Ердоган: Туркије подготвена да биде домаќин на преговори на спротивставените страни во Судан

May 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије е подготвена да биде домаќин на сеопфатни преговори за Судан доколку се согласат засегнатите страни, му рече денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на началникот на суданската армија, јавува Анадолу.

Во телефонскиот разговор со Абдел Фатах ал-Бурхан, Ердоган истакна дека Туркије ќе продолжи со своите напори во контакт со Обединетите нации (ОН) за да се обезбеди исполнување на итните хуманитарни потреби на суданскиот народ, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации при турското претседателство.

Ердоган ја изрази и својата тага и загриженост поради порастот на бројот на жртви во „братоубиствената борба“ во Судан.

Во разговорот станало збор и за евакуацијата и безбедноста на турските граѓани во Судан, се додава во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Убиени 12 лица, меѓу кои и тројца високи команданти на Исламски џихад во израелски воздушни напади во Газа

Следно

Во израелски воздушни напади на Газа загинаа 12 лица, меѓу кои и жени и деца

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop