Ердоган: Туркије е подготвена да придонесе за запирање на масакрот во Газа и воспоставување прекин на огнот

November 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја изрази подготвеноста на неговата земја да придонесе на секој начин да се запре тековниот масакр во Газа и да се воспостави траен прекин на огнот, јавува Анадолу.

Израел уби повеќе од 43.000 луѓе во Газа од нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Во своето обраќање на состанокот на парламентарната група на турската АК Партија, Ердоган го поздрави и договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан што стапи на сила утринава.

„Очекуваме сите страни, особено Израел, целосно да ги исполнат своите одговорности за одржување на смиреноста на теренот“, рече тој.

Примирјето меѓу Израел и Либан, со посредство на дипломатските напори на САД и Франција, стапи на сила во 4 часот по локално време (0200 GMT).

Хезболах започна серија напади со балистички ракети, ракети и беспилотни летала врз Израел минатиот октомври за да демонстрира солидарност со народот на Газа и да изврши притисок врз Израел за прекин на огнот во опколената крајбрежна енклава.

Додека траеше прекуграничната војна, Израел лансираше масовни воздушни напади низ малата медитеранска земја против, како што рече, локации на Хезболах кон крајот на септември. На 1 октомври беше започната копнена инвазија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Верстапен: Немам цел да ги бркам Шумахер и Хамилтон, но ако се пружи шанса ќе атакувам на нивните седум титули

Следно

Филков: Комората за вештаци регистрирана во Централниот регистар, почеток на нова реформа во правосудството

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop