Ердоган со членовите на Претседателството на БиХ: Зачувувањето на мирот и стабилноста на БиХ важни за Туркије

March 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес се состана со членовите на Претседателскиот совет на Босна и Херцеговина Денис Беќировиќ, Жељко Комшиќ и Жељка Цвијановиќ со кои разговараше за односите меѓу Туркије и Босна и Херцеговина, како и за регионалните и глобалните прашања, јавува Анадолу.

Ердоган со членовите на Советот се состана на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија.

„Претседателот Ердоган на средбата истакна дека од клучно значење за Туркије е задржувањето на единството, мирот и стабилноста на Босна и Херцеговина и продлабочувањето на односите меѓу двете земји“, соопшти Директоратот за комуникации при турското Претседателство на платформата Х.

Ердоган, исто така, ја истакна решеноста на Анкара да пружи искрен и конструктивен придонес за овие прашања, кој ќе продолжи да се зголемува, соопшти Директоратот.

„Претседателот Ердоган нагласи дека ќе продолжат чекорите за зголемување на обемот на трговска размена и соработката на сите полиња“, се додава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Господин Попоски стигна до 106 потписи, Ванковска и Јакимовски надминаа 10 000

Следно

Ал-Малики: Палестинската управа е единствената легитимна власт што може да управува со Газа по конфликтот

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop