Ердоган: „Победи Туркије, победи нашата демократија“

May 29, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, кој според неофицијалните резултати објавени од страна на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), е реизбран за претседател на земјата, истакна дека денес никој не изгубил, дека победник е Туркије и турската демократија, јавува Анадолу.

Ердоган во турскиот главен град Анкара одржа традиционално обраќање по изборите.

„Денес никој не изгуби. Денес победија сите 85 милиони граѓани. Веќе е време да се обединиме околу нашите национални цели и соништа“, порача Ердоган.

Турскиот претседател рече дека како секоја волја на својот народ така и овој изборен резултат е повеќе од добредојден за нив.

„Не сме само ние победници. Победник е Туркије, победник е нашата демократија“, додаде Ердоган.

Тој нагласи дека откако завршија изборите, сега сета енергија и време целосно ќе ги посветат на услугите и делата.

Осврнувајќи се на разорните земјотреси кои ја погодија Туркије на 6 февруари, Ердоган рече дека закрепнувањето на раните од овие земјотреси и опоравувањето на опустошените градови ќе продолжи да биде на врвот на нивните приоритети.

Турскиот претседател говорејќи за Сиријците кои се засолнети во Туркије, рече: „Досега обезбедивме доброволно враќање на околу 600.000 лица во безбедната зона на територијата на Сирија“

Нагласи дека со проектот за сместување кој го водат со Катар, ќе овозможат враќање на уште еден милион Сиријци за неколку години.

Што се однесува до економијата, турскиот претседател Ердоган истакна дека планираат економија фокусирана на финансиски менаџмент, инвестиции, вработувања.

„На патот ќе продолжиме со доверба и стабилност“, додаде Ердоган.

„Западните медиуми изгубија“, рече претседателот Ердоган по победата на изборите, потсетувајќи на нивното објавување насловни страници со цел да го „уништат“.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, соопшти дека Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори во земјата против неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу.

Според неофицијалните резултати, актуелниот турски претседател победи во трката со освоени 52,14 отсто од гласовите, додека Киличдароглу доби 47,86 отсто од гласовите, рече Јенер.

Тој додаде дека досега се отворени 99,43 отсто од гласачките кутии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Нови тензии на северот на Косово: Полицијата со солзавец растеруваше граѓани, врие од припадници на КФОР

Следно

Голем број светски лидери му ја честитаа изборната победа на турскиот претседател Ердоган

Latest from Blog

ОВА СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на

Ѕвездата на серијата „Луд, збуњен, нормалан“ се откажа од награда по пресудата за педофилија

Како што објави „Вијести онлајн“, Касумовиќ одлучи да се откаже од наградата „3 јануари“, највисокото општинско признание на Бијело Поље, кое му беше доделено во 2017 година, пренесе Индекс. Испрати соопштение за

Новогодишна лото грозница во Словенија- тикети се препродаваат и за 10.000 евра

За само осум дена беа продадени сите 450.000 тикети, па многумина ја пропуштија шансата да учествуваат во извлекувањето на големите награди. Во меѓувреме, тикетите се појавија во онлајн реклами, а поединци бараат

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

фото: FC Barcelona (X) Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното го совладаа третолигашот Гвадалахара со 0:2 и се пласираа во следната рудна од Купот на Кралот. Избраниците на Ханси Флик во финишот

Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. -На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз
Go toTop