Ердоган: „Одлучно ќе продолжиме со нашите пробиви во одбранбената индустрија“

October 28, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, даде изјава за медиумите по состанокот на кабинетот во Претседателскиот комплекс во Анкара, известува Анадолу.

Во своето обраќање претседателот Ердоган истакна дека и покрај конфликтите и тензиите во регионот во кој се наоѓа Туркије и сите песимистичките сценарија за иднината, основните показатели на турската економија продолжуваат да се подобруваат.

Во врска со односите на Туркије со земјите од истокот и членките на Брикс, Ердоган рече:

„Одиме каде и да се интересите на Туркије. Развиваме соработка во насока на нејзините интереси. Главниот столб на нашата надворешна политика е оската Туркије“.

Зборувајќи за развојот и интересот на Туркије на политички и економски план, турскиот претседател истакна:

„Развојните односи на нашата земја со БРИКС никогаш не можат да бидат алтернатива на нашите сегашни ангажмани“.

„Ние не ги менуваме позициите. Напротив, со пристап насочен кон Туркије се обидуваме да го заземеме местото што го заслужуваме во променливиот глобален систем“, истакна Ердоган

Претседателот Ердоган осврнувајќи се на терористичкиот напад врз комплексот на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ), истакна:

„Разбирливо е дека бароните на теророт, кои се хранат со крв, бараат нови господари во нашиот регион и нови лица кои ќе им бидат слуги. Како Република Туркије ги стуткавме и ги фрливме пораките што требаше да бидат дадени со овој гнасен напад. Јасно е дека не може да има порака што ќе се добие од тероризмот, од криминалците со крвави раце, од несвесните робови и од нивните шефови кои ги користат.“

Ердоган посочи дека по нападот врз ТУСАШ турските безбедносни сили како цел зеле повеќе од 470 точки на терористичката организација и притоа неутрализирале 213 терористи.

„Бароните на тероризмот нема да можат да ја дизајнираат турската политика, нема да можат да градат ѕидови на раздор меѓу 85 милиони луѓе, нема да можат да ја одвратат нашата земја од нејзиниот правец“, истакна Ердоган и продолжи со зборовите:

„Одлучно ќе ги продолжиме нашите пробиви во одбранбената индустрија, која е извор на гордост на нашата земја во светот“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лашкоска: Завршен системот за водоснабдување на Делчево, обезбедуваме питка вода за секој поединец

Следно

Повторно тензиии во албанскиот парламент

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop