Ердоган: „Нема да запиреме додека не стане реалност нашиот сон за целосно независна Туркије во одбранбената индустрија“

October 29, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот Реџеп Таип Ердоган истакна: „Никогаш не сме летаргични кон елиминирањето на терористичката закана против нашата земја уште во нејзиниот извор. Каде и да откриеме закана за нашата земја, без разлика дали во нашите граници или надвор од нашите граници, никој не може да не спречи да ја елиминираме“, известува Анадолу

Турскиот претседател зборуваше на Церемонијата за испорака на хеликоптер T625 Ѓокбеј што се одржа во седиштето на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ).

Честитајќи им го на граѓаните 29-ти Октомври – Денот на Републиката, претседателот Ердоган им посака Божја милост на 5-те загинаа во предавничкиот терористички напад врз ТУСАШ на 23 октомври, и додаде:

„Му се молам на Господ да им ги упокои душите на нашите загинати и да им даде место во рајот.“

Претседателот Ердоган зборувајќи за терористички напад врз ТУСАШ рече:

„Ваквите предавнички напади никогаш не можат да ја скршат нашата решителност и одлучност во борбата против тероризмот, ниту пак да нѐ вратат од нашиот пат. Никогаш не сме летаргични кон елиминирањето на терористичката закана против нашата земја уште во нејзиниот извор. Каде и да откриеме закана за нашата земја, без разлика дали во нашите граници или надвор од нашите граници, никој не може да не спречи да ја елиминираме“.

Турскиот претседател рече дека ќе ја продолжат борба сѐ додека не ја достигнат целта за земја и регион бидат ослободени од тероризмот и дека нема да потклекнат пред триковите на бароните на теророт и на оние кои им користат како продолжена рака.

„Ваквите предавнички, издајнички акции се последните напори на сепаратистичката организација. Нема место за тероризам и насилство во иднината на нашиот регион и нашата земја“, истакна претседателот Ердоган.

Осврнувајќи се на големиот напредок на Туркије во одбранбената индустрија, Ердоган рече:

„Ние сме најголемиот светски производител на пазарот за беспилотни летала. Од 2018 година 65 % од продажбата на вооружени беспилотни летала летала во светот се произведени од турски компании.“

Претседателот Ердоган истакна дека Туркије планира да развие и сопствен проект за противвоздушна одбрана „Челична купола“ со сите негови компоненти и додаде:

„Ако тие имаат ‘железна купола’, ние ќе имаме ‘челична купола’. Нема да се прашаме зошто ние немаме. Во овој процес, ќе ги зголемиме и нашите ракетни капацитети со долг дострел.“

Посочувајќи дека очите на светот се свртени кон Туркије и нејзиниот развој на секое поле, особено на полето на одбрданбената индустрија, претседателот Ердоган рече:

„Ќе работиме повеќе за инает на предавниците, ќе произведуваме повеќе за инает на никаквеците, ќе се развиваме повеќе за инает на империјалистите. Нема запирање, одмор или пауза сѐ додека не го оствариме нашиот сон за целосно независна Турција во одбранбената индустрија“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Нема причина за сомнеж, капиталните инвестиции се реални и ќе бидат реализирани

Следно

Јаревски: Уставните измени со одложено дејство се оправдан чекор на патот кон ЕУ

Latest from Blog

Трагедија во Аргентина: Автобус падна во река, најмалку девет загинати

Девет лица загинаа, а 29 се повредени денес во североисточна Аргентина, каде што автобус падна на неколку метри од мост, откако се судрил ао автомобил, соопштија локалните власти. Несреќата се случила околу 4:30

Есенска магија во вашиот дом: Со овие трикови, вашиот простор ќе изгледа како да е изваден од списание

Топлите и пријатни ентериери се особено важни кога деновите стануваат пократки и постудени. Есента е совршено време да го освежите вашиот животен простор без да трошите многу. Само неколку нови детали –

Сајкоски: Александар Јовановски е вистинскиот избор за Кичево

Вечерва во Девеана, Кичево заедно градиме посилна иднина, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски. Со надеж и енергија се собраа наши пријатели, поддржувачи и симпатизери на мини-митингот на ВМРО‑ДПМНЕ,

Актерка за првото сексуално искуство: „Беше непријатно, не знаев како изгледа кондом“

 Во нејзиниот подкаст „Очајно посветени“, 60-годишната актерка откри дека како тинејџерка не била подготвена да ја изгуби невиноста, а целото искуство се случило на прилично необично место. Незгоден момент во креветот на
Go toTop