Ердоган: „Ќе ги отстраниме урнатините, ќе ги залечиме раните, ќе изградиме нова иднина за нашиот народ“

March 1, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес вети дека ќе ги излечи раните на погодените од силните земјотреси кои го потресоа јужниот регион на Туркије минатиот месец, одземајќи повеќе од 45.000 животи, јавува Анадолу.

„Се надеваме дека ќе ги избришеме трагите од земјотресот од 6 февруари што е можно поскоро“, рече Ердоган на состанокот на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АК Парти) во Парламентот.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во Кахраманмараш, погодија уште 10 други области – Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг. Од разорните земјотреси во Туркије погодени се околу 13,5 милиони луѓе.

„Сите научници го нарекоа процесот необичен“, рече Ердоган, и додаде дека: „Туркије е зафатена од земјотресна бура“.

„Ќе ги отстраниме урнатините, ќе ги залечиме раните, ќе ги замениме урнатите куќи со добро изградени, ќе ги освоиме срцата, ќе изградиме нова иднина и нов живот за нашиот народ“, вети тој.

Истакна и дека на правна, административна и политичка одговорност треба да бидат повикани сите кои се одговорни за недостатоците во градбата на урнатите згради.

Ердоган најави и формирање на фонд за брза обнова и изградба на градовите по земјотресот.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије на 6 февруари се искачи на 45.089, соопшти рано утрово турската Агенција за управување со катастрофи, АФАД.

Во врска со претстојните претседателски и парламентарни избори во Туркије, Ердоган сигнализираше дека изборите ќе бидат одржани на 14 мај, како што беше договорено претходно.

„Знајте добро дека оваа нација на 14 мај ќе го направи она што е неопходно“, им рече Ердоган на пратениците.

По разорните земјотреси имаше гласини дека изборите би можеле да се одложат за подоцна во текот на годината или да се одржат според планираното на 18 јуни.

Ердоган претходно рече дека 14 мај е најпогодниот датум за одржување на изборите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорче Петров почна со реконструкција на детските катчиња

Следно

Со пронајдена лична карта двајца скопјани сакале да подигнат кредит

Latest from Blog

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран

Реформи во јавната администрација

Непотизам, партиски или етнички клуч при вработувањето во јавната администрација ја прави неефикасна и неквалификувана да ги услужи граѓаните. Ова е стара болка на администрацијата која со долготраен процес почна да се

Сообраќајот на патиштата по влажни коловози, на повисоките места со мали остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти
Go toTop