Ердоган гласаше во Истанбул: Изборите нека бидат од корист за целата земја и граѓаните

May 28, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган гласаше во вториот круг од претседателските избори во таа земја на избирачко место во Истанбул, јавува Анадолу.

Актуелниот претседател Ердоган, кандидат на Народна алијанса предводена од Партијата за правда и развој (АК Партија), гласаше придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган на избирачко место во училиште во областа Ускудар во Истанбул.

Ердоган по гласањето за новинарите изјави дека првпат во историјата на турската демократија се одржува втор круг од претседателски избори.

„Се разбира дека нема партии во вториот круг. Има само двајца кандидати и затоа верувам дека денешното гласање ќе биде многу брзо“, рече Ердоган, пофалувајќи ја високата излезност на изборите во Туркије.

„Во светот не постои држава во која излезноста достигнува 90 отсто. Туркије на најдобар начин ја покажа демократската зрелост со излезност до 90 отсто. Верувам дека и денес ќе биде исто така“, изјави тој.

Ердоган изрази желба изборите да бидат од корист за целата земја и граѓаните.

Избирачките места низ Туркије се отворени утрово во 8:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време), со што започна гласањето од вториот круг на претседателските избори во оваа земја.

Повеќе од 64 милиони граѓани на Туркије со право на глас во вториот круг избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидат на Народна алијанса, и Кемал Киличдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса.

Во првиот круг од изборите, одржани на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу собра 44,89 отсто од гласовите. Народна алијанса на Ердоган, предводена од владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), освои мнозинство во државниот Парламент во првиот круг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА „АНАТОМИЈА НА ПАДОТ“ НА ФРАНЦУСКАТА РЕЖИСЕРКА ЖУСТИН ТРИЕТ

Следно

Четири лица загинаа, а девет се повредени во руските напади во Украина

Latest from Blog

Борнмут е посилен за Антонио Силва

Во пресрет на новата Премиер лига сезона, тимот на Борнмут се реши да се засили со нво играч од Португалија. Се работи за досегашниот член на тимот на Бенфика, Антонио Силва, кој

Стара Водејнца – вкусот на традицијата во срцето на Јабланица

Во живописното подножје на планината Јабланица, помеѓу селата Октиси и Вевчани, се наоѓа ресторанот „Стара Водејнца“ – вистински гастрономски бисер кој со години ги освојува срцата на домашните и странските посетители. Опкружен

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски се вратил во Македонија, тврди неговиот адвокат

Битолскиот бизнисмен Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреба на тендери во РЕК „Битола“, се врати во Македонија, изјави за ТВ 24 неговиот адвокат Марјан Николоски. Николоски тврди патувањето било неопходно. На

Министерство за финансии: Завршната сметка за 2025 е потврда за одговорно управување со јавните пари

1 август  2026, Скопје – Јавните финансии се реализирале во согласност со планираните фискални цели, со редовно и навремено сервисирање на сите законски обврски кон граѓаните и стопанството, како и со реализација
Go toTop