Експерт на ОН изрази загриженост поради неуспехот да се заштитат жртвите на трговија со луѓе на грчкиот остров Самос

December 2, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Специјалната известувачка на Обединетите нации за трговија со луѓе, Сиобал Мулали, рече дека е вознемирена од извештаите за неуспехот на идентификацијата на можни жртви на трговија со луѓе, особено жени и деца, на Самос, грчки остров во источното Егејско Море, јавува Анадолу.

Таа ја изрази својата загриженост во писмо до грчката Влада за ситуацијата на жртвите и потенцијалните жртви на трговија со луѓе во Затворениот контролен центар за прием на Самос, кој беше отворен во 2021 година.

„Условите за прием во центарот, во кој сега се сместени до 5.000 луѓе и покрај лимитот до 3.000, наводно се несоодветни и луѓето што живеат таму немаат безбедна, достоинствена и здрава животна средина, а ограничувањето на нивната слобода е екстремно“, рече таа.

Таа изјави дека од 2.170 баратели на азил, кои наводно пристигнале на Самос во 2022 година, 285 биле потенцијални жртви на трговија со луѓе.

„Тврдењето за недостиг на соодветна идентификација е поддржано од малиот број преживеани од трговија со луѓе идентификувани и упатени до Националниот механизам за упатување низ Грција, што може да укаже на несоодветни процеси за идентификација на потенцијалните жртви на трговија со луѓе“, додаде таа.

Таа, исто така, изрази загриженост поради наводите дека грчката служба за азил на Самос не ги зема предвид инцидентите во трговијата со луѓе и другите форми на насилство при оценувањето на подобноста на подносителите на барање за меѓународна заштита, освен ако инцидентите се случиле во земјата на потекло на подносителите на барање.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Притисок врз директорката на ООУ „11-ти Октомври“ незаконски да запише дете избркано од повеќе училишта

Следно

Милатовиќ по состанокот со Ердоган: Исклучително ја цениме конструктивната улога што Туркије ја има на Балканот

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop