ЕК бара Црна Гора да им го одземе државјанството на лицата под санкции

December 10, 2024
1 min read

Европската комисија бара од Црна Гора да им ги одземе црногорските државјанства на лицата кои се предмет на меѓународни рестриктивни мерки, дадени врз основа на неодамна откажаната шема за доделување државјанства на инвеститори, јавија црногорските медиуми.

Во Извештајот во рамките на механизмот за суспензија на визниот режим, кој Европската комисија го објави кон крајот на минатата недела, се очекува Црна Гора да побара сите преостанати барања поврзани со споменатата шема за доделување државјанства на инвеститори да бидат разгледани и процесуирани во согласност со највисоки можни безбедносни стандарди.

Во делот од извештајот кој се однесува на шемата „златни пасоши“, односно државјанство во замена за инвестиции, се посочува дека продолжи обработката на барањата поднесени пред крајниот датум, односно 31 декември 2022 година.

Во 2023 година, Црна Гора обработила 423 барања (за 423 апликанти и 927 членови на семејства) и додели државјанство на 701 лице.

-Од овие 701 лице, 396 имаат државјанство на Руската Федерација, а 65 на Народна Република Кина. Државјанството се доделува на лица кои имаат државјанство на други трети земји за кои е потребна виза (Јужна Африка, Турција, Либан, Пакистан, Индија, Белорусија, Филипини, Индонезија, Камбоџа, Казахстан, Малезија, Нигерија, Саудиска Арабија, Тунис, Узбекистан), се наведува во документот на ЕК.

Комисијата потсетува дека Црна Гора објави дека за сите лица за кои подоцна се утврди дека добиле црногорско државјанство и кои се на списокот на лица подложени на меѓународни рестриктивни мерки, Владата се обврза да покрене постапка за губење на црногорското државјанство со сила на закон.

-Комисијата ќе продолжи да ги следи сите случувања во овој поглед додека не се обработат сите барања кои чекаат, се вели во Извештајот за механизмот за суспензија на визниот режим.

Се наведува, меѓу другото, дека е потребен дополнителен напредок во усогласувањето на визната политика на Црна Гора со листата на земји од ЕУ за кои е потребна виза, објави РТЦГ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР: Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК

Следно

Владата потпиша договор со „ДМ Бау Интернешнал“, најмалку седум милиони евра инвестиција и 200 нови работни места

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop