Едно лице загина, а 8 се повредени при уривање на зграда во Истанбул

June 2, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА)

При уривање на 3. катна станбена зграда во Истанбул, едно лице загина, а осум повредени лица се извлечени под урнатините, известува Анадолу.

Од засега непознати причини се урна 3-катна станбена зграда во подрачјето Кучукчекмеџе, во Истанбул.

По применото известување на местото на настанот се испратени голем број противпожарни единици, екипи на здравството, полицијата и АФАД.

Спасувачките екипи веднаш започнале со акцијата за пребарување и спасување откако биле информирани дека има луѓе затрупани под урнатините и притоа комуницирале со едно лице под урнатините.

– Едно лице загина, едно лице самостојно се извлекло од урнатините

Трикатница во истанбулската населба Кучукчекмеџе се урна утринава во 8:40 часот по локално време. Спасувачките екипи од под урнатините го извлекоа телото на едно починато лице. Седум повредени се извлечени од под унатините, а едно лице само се извлекло од разурнатата зграда.

Меѓу повредените има две лица кои се во животна опасност, вклучувајќи и едно шестмесечно бебе.

Засега не е позната причината за уривањето на зградата која е изградена во 1988 година. На местото на несреќата се наоѓаат надлежни полициски, медицински и спасувачки екипи.

При уривањето на зградата се оштетени и возила кои биле паркирани во близина на зградата, а оштетен е и автобус кој минувал покрај зградата во моментот кога се урнала.

Очевидците изјавија дека пред уривањето немало експлозија или потрес, а моментот на уривањето е снимен од надзорните камери.

Сопственикот на продавница покрај урнатата зграда, Јуксел Агаоглу, изјави дека зградата се урнала додека пиел чај и само забележал како се издига прашината откако зградата ненадејно се срушила на улицата.

„Зградата наеднаш се урна на улицата. Иѝбегав во паника. Се вратив и видов дека е во облак од прашина. Таму видовме еден наш пријател, сметководител. Тој излезе и му помогнавме. Тоа беше цврста зграда, но наеднаш се урна“, рече Агаоглу.

Во тек е истрага за откривање на причините за уривањето на зградата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Неделен хороскоп од 3 до10 јуни 2024 година

Следно

Пролетен намаз: Јагоди и лешници во совршен спој

Latest from Blog

Клоп за паузата хидратација: Добро за играчите, за тренерите ама и за нас возрасните да одиме во тоалет!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Легендарниот Јирген Клоп и тоа како го следи Мундијалот, ако се знае дека е аналитичар во германска телевизиска станица за време на Светското првенство и внимателно следи сè што

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на
Go toTop