Еден од ранетите во пукањето на Врачар е македонски државјанин, напаѓачот е уапсен по тричасовна потрага

May 23, 2023
2 mins read

Македонскиот државјанин, како што пренесува српски „Блиц“, со прострелна рана во грбот бил пронајден во улицата „Новопазраска“, недалеку од местото на пукањето

Српското МВР утрово соопшти дека го идентификувала и уапсила осомничениот напаѓач. Тој е идентификуван како Н.Ѓ. роден 2003 година и му е одреден притвор од 48 часа. Во соопштението на МВР на Србија е наведено дека едниот од ранетите е државјанин на Северна Македонија. Оттаму засега нема информации за мотивите за пукањето и за двајцата ранети. „360 степени“ испрати прашања до македонското МНР во врска со случајот, но до моментот на објавување на веста не добивме одговор

Еден од двајцата ранети во вооружениот инцидент, кој вчеравечер се случил во белградската населба Врачар, е 21-годишен македонски државјанин.

Момент од увидот на српската полицијата од местото на вооружениот инцидент на Врачар/Фото: Нова.рс

Дека станува збор за македонски државјанин утрово соопшти српското Министерството за внатрешни работи.

Тој и уште едно лице на 26-годишна возраст од Белград биле застрелани на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“, кога маж пукал од огнено оружје, а потоа побегнал.

Македонскиот државјанин, како што пренесува српски „Блиц“, со прострелна рана во грбот бил пронајден на улицата „Новопазраска“, недалеку од местото на пукањето, додека дваесет и шестгодишниот белграѓанец со иницијали А.П., со повреда на десната натколеница, бил префрлен во Ургентниот центар.

По тричасовна потрага, белградската полиција успеала да го идентификува и да го уапси осомничениот напаѓач. Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи на Србија, станува збор за Н.Ѓ. роден 2003 година, кому по налог на белградското вишо јавно обвинителство му е одреден 48-часовен притвор.

„Припадниците на МВР во Белград во брза и ефикасна акција го уапсија Н. Ѓ. (2003). Се сомничи дека синоќа на улица ‘Максим Горки’ со истрели од огнено оружје на дваесет и шестгодишен белграѓанец и дваесет и едногодишен државјанин на Северна Македонија им нанел тешки телесни повреди, а потоа побегнал. Полицијата набрзо го идентификувала и го пронашла. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител“,

се наведува во краткото соопштение објавено на официјалната интернет-страница на српското МВР.

Оттаму нема подетални информации за мотивите за пукањето, како и за двајцата ранети.

Во врска со ранетиот државјанин на С Македонија, засега нема информации од Министерството за надворешни работи на РСМ. Според дел од српските медиуми, македонскиот државјанин бил случајно ранет во престрелката.

„360 степени“ испрати прашања до МНР во врска со случајот, но до моментот на објавување на веста оттаму не добивме одговор.

Српски „Блиц“ пренесе сведоштво на жена која живее во зграда во близина на местото каде што се случило пукањето. Таа изјавила дека слушнала три истрели за кои првично мислела дека се петарди.

„Излегов на терасата и видов дека луѓето од другата страна на зградата се истрауматизирани. Кога слегов, таму лежеше рането момче. Подоцна слушнав дека напаѓачот побегнал и најверојатно ранил уште едно лице. Преплашени сме. Којзнае каде истрча“,

изјавила таа за „Блиц“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес во Музејот на град Скопје започнува Фестивалот на литература и илустрација за деца „Литера 2023“

Следно

Туркије: Приведени 12 лица за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop