„ЕCKERMANN“ ја објави „Апокалиптична комедија“ на Томислав Османли

September 2, 2024
2 mins read

Српското електронско списание “Eckermann” во својот најнов, 44 број ја објави театарската пиеса „Апокалиптична комедија“ на Томислав Османли. Пиесата неодамна беше објавена од угледниот издавач „Прометеј“ од Нови Сад исто така во Србија и е дел од книгата со три драмски текста на Османли, насловена „Пат во рајот“.

Оваа антивоена театарска пиеса на македонскиот прозаист и драмски автор е напишана пред честврт век, во времето на жестоките југословенските војни чии сенки опасно се надвиваа и над нашава земја. Во неа како лик се појавува Христос во своето „второ пришастие“ но како бог со изгубена моќ, неспособен среде омразата и жестокоста на бескрајните воени судири да ја оствари библиски пророкуваната Апокалипса. Денес, во екот на новата епоха на жестоки конфликти „Апокалиптична комедија“ работена како фантасмагорична гротеска, со бројни ликови и драмски и визуелни елементи на очудување, пиесата на Османли доживува нова актуелност, интересирања, следствено и нејзини драмски објави. https://eckermann.org.rs/apokalipticna-komedija/

Белградска „Политика“ неодамна објави исклучителен осврт од книжевната критичарка Александра Ѓуричиќ. Инаку, објавата на антивоената гротеска на македонскиот драмски автор, на соседната книжевна сцена го привлече вниманието на тамошната театаролошка јавност: веднаш по објавата на книгата со три драмски текста на Османли насловена „Пат во рајот“, Марко Радојичиќ уредник на белградскиот портал Edt Culture кој ја следи целокупната кутурна актива на српската книжевна и театарска сцена, беше издвоена како еден од петте преведени наслови на годината. Натаму, белградскиот неделник “Novi magazin”, токму по повод најновата книга на Османли објавена во Србија, во мај годинава (14.05.2024) неодамна објави големо интервју на истакнатата новинарка и книжевна критичарка Анѓелка Цвијиќ со нашиот автор. https://novimagazin.rs/iz-nedeljnika-nm/323417-intervju-tomislav-osmanli-buducnost-se-ne-doseze-kretanjem-ukrug.   Најнова афирмација е објавата на пиесата „Апокалиптична комедија“ по барање на угледниот портал  “Eckermann”.

Инаку, „Апокалиптична комедија“ на Томислав Османли  за прв пат беше публикувана во 2000 година во угледното списание „Književna revija“, издание на Матица хрватска од Осијек, во превод на истакнатиот македонист Проф. Д-р Златко Крамариќ, во тоа време член на уредништвото на реномираното литературно списание,  а во 2004 и во Грција во превод од македонски на Проф. Костас Катсанос, во посебна книга на солунското книгоиздателство “University studio press”. Кај нас  пиесата двојазично, на македонски и на англиски јазик, ја објави скопска „Култура“ во 2005 година.

Интернет списанието “Eckermann” е покренато 2006 година како портал за објавување литературни интервјуи , при што името го носи во чест на Јохан Петер Екерман авторот на првото книжевно интервју во историјата на литературата, остварено со големиот филозоф и писател Јохан В. Гете чиј пријател и личен секретар, инаку бил Екерман.  Од 2015 година и како „веб списание за книжевност“ во кое се објавуваат творби од поезијата, прозата, драмската уметност, критиката, есеистиката, теми, видео-разговори и уметнички е-книги. Списанието се појавува шест пати во годината. Главен уредник на овој реномиран литературен портал е српскиот писател Енес Халиловиќ, истакнат поет и романописец.

Пред објавата на „Апокалиптична комедија“, на порталот “Eckermann” Османли години со ред објавувал свои поетски, прозни, една есеистичка и претходна драмска творба.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гаши за интерпелацијата: Ова е одраз на демократијата, пратениците да гласаат според своето лично убедување

Следно

Возобновена традиција: Божествена Литургија на врвот Крчин

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop