Две години од руската инвазија на Украина

February 24, 2024
1 min read

Втората годишнина од руската инвазија врз Украина во цел свет се одбележува со комеморации, демонстрации и политички дебати. Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го посети аеродромот Гостомел каде што се водеа некои од најзначајните битки во првите денови од руската инвазија.

– Затоа се бориме во последните 730 дена од нашиот живот. И ќе победиме на најдобриот ден од нашите животи. – изјави Зеленски.

Зеленски во знак на солидарност беше придружуван од странски лидери кои пристигнаа во Киев по повод годишнината, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерите на Италија и Канада, Џорџа Мелони и Џастин Трудо. Посочувајќи на големиот авион од типот „Антонов“, наречен „Сон“, кој беше уништен во Хостомел пред две години, Фон дер Лајен од Киев нагласи дека можеби е уништено леталото, но не и сонот за независна и суверена Украина.

– Ја спасивте вашата земја и му дадовте шанса на отпорот на Украина. Само минатата недела соборивте седум борбени авиони, се вративте во Црното Море и ја продолживте трговијата. Ова се чинеше невозможно пред две години. – изјави Фон дер Лајен.

– Ние сметаме дека Украина се бори и за нашата слобода и за нашиот национален интерес.- изјави Џорџа Мелони премиер на Италија.

Генералниот секретар на НАТО пак Јенс Столтенберг му порача на Зеленски дека Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност.

– Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност. Украина не пропадна за неколку недели, како што многумина стравуваа дека ќе се случи. Повторно зазеде половина од територијата што ја освои Русија. Ја потисна Русија од големи делови на Црното Море и им нанесе големи загуби на руските сили. – изјави Столтенберг.

Поддршка за Украина изрази и британскиот премиер риши сунак кој вети дека лондон ќе стои покрај киев „сé додека е потребно“ и дека „тиранијата никогаш нема да триумфира“. Макрон ПАК го предупреди својот руски колега Владимир Путин дека поддршката на Франција за Украина нема да „ослабне“ и дека „не треба да се смета на“ „заморот на Европјаните“. Борел пак порача дека војната нема сила да ја промени географијата на Европа.

По повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, повеќе згради во Брисел, вклучително и институциите на ЕУ, минатата ноќ беа осветлени во боите на украинското знаме. И додека на украинските сили им снемува муниција и оружје, а западната помош виси на конец. Русија сè уште контролира околу една четвртина од земјата.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пожар избувна во огромна зграда во Кина, има 15 загинати, а сомнежот е дека се запалил електричен велосипед

Следно

24 интервју со Александар Кржаловски претседател на МЦМС

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Подобрување на јавните простори со нов парк во типската населба

Во завршна фаза е изградбата на новиот парк во типската населба во Прилеп, кој се гради во близина на стадионот со вештачка трева, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп и Локалната самоуправа.

МИЛИОНИ ЛУЃЕ ПРЕД МАСОВЕН ПОМОР: Еболата влезе меѓу бегалците, ИСИС не дозволува помош!

Епидемијата на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго брзо излегува од контрола и се шири со застрашувачка брзина. Локалните власти официјално соопштија дека бројот на потврдени случаи веќе достигнал 1.003,

Божиновска: Две години посветена работа за посилна и енергетски независна Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по повод две години од формирањето на Министерството порача дека институцијата од идеја прераснала во еден од клучните носители на политиките во енергетскиот
Go toTop