Драгана Мирковиќ се разведува!

March 26, 2024
1 min read

Драгана Мирковиќ по 24 години хармоничен брак се разведува од сопругот Тони Бијелиќ.

Пејачката во соопштението до медиумите наведува дека денес поднела барање за развод, а открива и дека веќе неколку години таа и Тони не живееле под ист покрив.

– Мојот однос со Тони веќе подолг период не е како што беше, а последните три години практично водевме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така сум воспитана, направив се за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, тој јаз стана поголем и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак, открива пејачката.

Додава дека останува доследна на своите принципи и дека секогаш ќе има почит кон Тони како татко на нејзините деца и некој со кој поминала многу убави години.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барселона планира да троши 200 милиони евра за летни трансфери

Следно

Пост и диета- Се слабее ли со постење?

Latest from Blog

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop