Драчево ќе добие современ рекреативен спортски центар

January 26, 2023
1 min read

На местото на некогашната депонија во Драчево ќе никне модерен спортско-рекреативен центар.

Новиот спортски рекреативен центар на 7500m2 во месноста викана Оксиген во Драчево, ќе го носи името на загинатиот бранител Теодор Стојановски-Тоше и ќе ја збогати рекреативната содржина на општината и обемот на зелените површини во градот.

-Како достојно место за одмор и рекреативно спортување, новиот простор ќе нуди бројни содржини распоредени на околу 7500 квадратни метри. Детското катче, пешачките патеки, скверот, летниковците, надополнети со фонтани, урбана опрема и многу зеленило кое ќе се одржува преку систем за самонаводнување ќе го направат ова место привлечно за сите. Спортскот дух пак, ќе може да се развива на новите современи спортските игралишта за фудбал, за баскет кои ќе бидат осветлени, а поставуваме и фитнес справи, рече денеска градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој денеска изврши увид заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

– И финално, овој комплекс кој очекуваме да биде новото збирно место за сите наши жители, но најмногу на оние кои живеат во околината, односно во Драчево, се одлучивме тој да носи и ново име и тоа да биде името на загинатиот бранител од втората пешадиска бригада, Теодор Стојановски-Тоше, кој потекнува токму од Драчево и е на иницијатива на неговото почитувано семејство и писмено барање од нашиот сограѓанин Деан Соколовски на кого му се заблагодарувам, додаде тој. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гир: Изјавата на Џамбаски за Пендаровски е неприфатлива

Следно

Ковачки до Ковачевски: Дали знаете дека во вашиот партиски штаб се договараат бегствата на затворениците од затворите

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop