Доверливи документи пронајдени и во куќата на Мајк Пенс

January 24, 2023
1 min read

Во куќата на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс се пронајдени доверливи документи, јавува Би-би-си.

Медиумите посочуваат дека документите, кои адвокатот на Пенс ги открил минатата недела во неговиот дом во Индијана, биле предадени на ФБИ.

Специјалните агенти веќе почнаа да ги разгледуваат доверливите документи пронајдени кај претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп.

Трамп се соочува со кривична истрага поради наводно неправилно ракување со досиејата.

Претставниците на Пенс испратија писмо до Националниот архив во кое ги алармираа за документите. ФБИ дојде во домот на поранешниот потпретседател за да ги преземе, додаваат тие во посебно писмо.

„Мал број доверливи документи“ беа „ненамерно спакувани и транспортирани“ во домот на Пенс на крајот на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, напиша неговиот адвокат во писмото што го сподели со американските медиуми.

Пенс побара од адвокат кој е специјализиран за ракување со доверливи документи да ги прегледа документите во неговиот дом „откако стана јавно дека доверливи документи се пронајдени во резиденцијата на претседателот Џо Бајден во Вилмингтон“, се вели во писмото.

Уште шест доверливи документи беа пронајдени во петокот за време на 13-часовниот претрес на домот на претседателот Бајден во Делавер. – Претседателот понуди пристап „до својот дом за да му дозволи на Министерството за правда да ја пребара просторијата за потенцијални потпретседателски досиеја и потенцијален доверлив материјал“, рече Бауер во изјавата од саботата.

Претходно овој месец, адвокатите на Бајден изјавија дека првата група доверливи документи била пронајдена на 2 ноември во Центарот Пен Бајден, истражувачки центар што претседателот го основал во Вашингтон.

Друг сет на записи беше пронајден на 20 декември во гаражата во неговиот дом во Вилмингтон, додека друг документ беше пронајден во складиште во домот на 12 јануари, изјавија неговите адвокати.

Откритијата во домовите на Мајк Пенс и Џо Бајден доаѓаат во време кога поранешниот претседател Доналд Трамп, исто така, се соочува со истрага за неговото наводно неправилно постапување со доверливите документи.

Стотици доверливи записи беа пронајдени во резиденцијата на Трамп Мар-а-Лаго во Флорида. Трамп и неговите адвокати се спротивставуваа да ги предадат документите сè додека ФБИ не изврши рација во викендицата на Флорида минатиот август.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдени доверливи документи во куќата на поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс

Следно

„Експрес.мк“: Ахмети и ДУИ прогласија 800.000 луѓе за непријатели на Албанците, меѓу нив и многу Албанци (ФОТО)

Latest from Blog

МЛС го истражува трансферот на Касемиро во Интер Мајами!

Фото: Интер Мајами Интер Мајами го обезбеди доаѓањето на Касемиро како слободен агент, но Американската фудбалска лига (МЛС) веднаш започна официјална истрага за трансферот. Лигата ги истражува наводите за нелегални преговори направени

ВЛЕН: Таравари да одговори каде исчезнаа милионите за водоснабдувањето во Гостивар

 ВЛЕН упати серија обвинувања кон Арбен Таравари, тврдејќи дека неговите сегашни изјави се во спротивност со ветувањата што ги давал додека бил на чело на Општина Гостивар. Од ВЛЕН посочуваат дека Таравари

Четиринаесет Американци поради ебола завршиле во карантин во воена база: Тоа не е легално

Патниците, кои се вратиле по копнен пат преку Канада, немале симптоми на болеста и не се сметало дека претставуваат ризик од ширење на болеста, според интерни документи и потврди од две лица

Министерот Велковски се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија. Во фокусот на разговорите беа демографските политики, младите
Go toTop