Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

March 30, 2026
1 min read

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост во земјава, обвинуваат од Коалицијата „Менуваме“.

Оттаму ги повикуваат надлежните институции во најкус можен рок да излезат со конкретни мерки за надминување на состојбата.

Дел од личните асистенти оценуваат дека е крајно нехумано да им се ускрати правото на лична асистенција на лицата со попреченост. Истовремено, тие посочуваат дека за обезбедените услуги не добиваат навремен паричен надомест, кој доцни повеќе од три месеци. Поради тоа, најавуваат можност за организирање штрајк доколку обврските не бидат подмирени во разумен рок.

Родители на лица со попреченост, исто така, апелираат до институциите итно да се изнајде решение за состојбата, велат дека секојдневно се соочуваат со сериозни предизвици и тешкотии во обезбедувањето соодветна грижа.

Министерството за труд и социјална политка ги демантира тврдењата на Коалицијата „Менуваме“ дека часовите за личните асистенти се намалуваат незаконски. Според министерството, обемот на услугата се определува преку решение од Центарот за социјална работа, кој ги разгледува факторите како поддршка од семејството, вработеност и образованието на корисникот-додека пак исплатата за личните асистенти е во тек…

,,Корисници на услугата се лицата со попреченост кои што добиле решение од надлежниот центар за социјална работа во кое што се прецизирани давателот на услугата и број на часови на добивање на услугата на корисникот. Решението за користење на услугата лична асистенција го носи Центарот за социјална работа врз основа на претходно преземи процесни дејствија од страна на стручните лица согласно закон и подзаконски акт“ велат оттаму…

Дополнително, од Коалицијата „Менуваме“ обвинуваат и за наводна злоупотреба на лични податоци на лица со попреченост. Според нивните тврдења, овие податоци биле користени од други невладини организации кои, како што наведуваат, биле фаворизирани.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

Следно

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop